Шпанија со нови 2.489, починаа петмина

 

Во Шпанија во последните 24 часа потврдени се 2.489 нови случаи на зараза со корона вирус.

Вкупно се заразени 462.858 од почетокот на пандемијата, додека бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми за пет и изнесува 29.094.

Откако првиот бран на пандемијата во голема мера се стави под контрола со строги мерки на карантин кои завршија во јуни, Шпанија се соочи со голем пораст а заразени во текот на летото, по ублажување на мерките и масовното тестирање.

Пред десет дена, дневниот пораст на бројот заболени во Шпанија изнесуваше речиси 10.000, најмногу од врвот на епидемијата кон крајот на март. Бројката се спушти минатата недела на околу 9 и 8 илјади, а денешните податоци покажуваат голем пад.