Во Србија 109 новозаразени, починаа тројца


Србија во последните 24 часа забележа 109 нови случаи на заразени со корона вирус, а три лица починаа.

Тестирани се 6.939 примероци. Според податоците на министерството за здравство на респиратор се 46 пациенти, а во болница се 931 пациент.

Од почетокот на епидемијата во Србија заразени се вкупно 30.657 лица, а починаа 689 пациенти. Досега се теситрани 869.668 лица.