Во БиХ само 189 новозаразени, но малку тестирани


  Денеска во Босна и Херцеговина забележани се само 189 новозаболени и 380 оздравени, но тестирани се малку односно 899 примероци. Во Федерацијата има 125 позитивни, во Република Српска 62, а во Дистриктот Брчко двајца. Во Федерацијата денеска биле тестирани 597 примероци или вкупно 109.953, а вкупно заболени досега се 10.832 лица. Излечени се 7.517 […]

Синиша Михајловиќ има коронавирус


Италија – На последниот тест, српскиот тренер Синиша Михајловиќ се тестираше позитивно за коронавирусот, објави неговиот клуб Болоња во неделата. Михајловиќ во петокот се врати во Болоња, а потоа веднаш беше тестиран за вирусот. Тестот на српскиот селектор беше позитивен, а тој во моментов нема симптоми и ќе биде во изолација наредните две недели, што го […]

Бајден: Ќе ги затворам САД доколку научниците го препорачаат тоа


Претседателскиот кандидат на Демократската партија на изборите во ноември во САД, Џо Бајден, изјави дека доколку победи на изборите, ќе биде подготвен повторно да ја „затвори“ земјата доколку научниците тоа го препорачаат со цел да се спречи коронавирусот за време на можниот втор бран од пандемијата. -Ќе ги послушам научниците, рече Бајден во интервјуто за […]

Хрватска денеска забележа 275 новозаразени


Националниот штаб за цивилна заштитна на Хрватска денеска објави дека во земјата има 275 новозаразени со корона вирусот, што е помалку од вчерашните 306. Активни случаи се 2.203, а меѓу нив 155 се во болница, од кои 12 на респиратор. Во последните 24 часа тестирани се 1.718 лица. Од февруари до денеска забележани се 8.175 […]

Мурињо задоволен од селекцијата


Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изрази задоволство од селекцијата, иако клубот привлече само двајца играчи. Пјер-Емил Хојберг пристигна од Саутемптон, а Џо Харт потпиша како слободен агент и беше ангажиран како резервен голман. Вчера „спарси“ ја одиграа својата прва контролна од предсезонските подготовки. Тие го совладаа Ипсвич со 3:0, а двете нови засилувања учествуваа на […]

Маврово исполнето со гости, приходите помали (репортажа)


Во Маврово и околните населби овој викенд има над две илјади гости. Некои се дојдени ден порано, но најголемиот број од нив дојде во петокот и саботата. Хотелите и помалите сместувачки капацитети се исполнети речиси до последното место. Така се очекува да биде и биде за наредниот викенд. Продавниците и неколку угостителски објекти се отворени […]

Домашната платежна картичка ја искористиле 309.337 граѓани, вкупниот промет 26,5 милиони евра


Вкупно 309.337 граѓани ја искористиле домашната платежна картичка, а вкупниот реализиран промет изнесува 26,5 милиони евра, објави попладнево министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот Фејсбук профил. – Ова е најобемната мерка од ваков тип која се спровела кај нас, која воспостави нов начин на имплементација. Како антикризна мерка, главни цели на домашната платежна картичка […]

И Индија најави вакцина до крајот на годината


  Индија ќе има своја вакцина против Ковид-19 до крајот на оваа година, рече во саботата министерот за здравство Харш Вардан. „Еден од нашите кандидати за вакцина против Ковид-19 се наоѓа во трета фаза од клиничкото испитување. Уверени сме дека вакцината ќе биде развиена до крајот на оваа година“, рече министерот, пренесе Си-ен-ен. „Среќен сум […]

Спаренѕа: Италија нема повторно да се затвора и покрај растот на нови случаи со Ковид-19


Италијанската Влада не размислува за повторно затворање на земјата за да го спречи ширењето на  коронавирусот, изјави министерот за здравство Роберто Сперанѕа, и покрај постојаниот фактот дека изминатиот месец е забележен раст на нови случаи. Италија, една од најтешко погодените земји во Европа со над 35.000 смртни случаи, вчера соопшти за 1.071 нови случаи, првпат […]

Во Русија речиси 5.000 новозаразени


  Русија денеска потврди 4.852 случаи од корона вирус, а вкупниот број инфицирани достигна 956.749, соопштија здравствените власти. Од Ковид-19 починаа уште 73 лица, а од почетокот на пандемијата вкупно 16.383 пациенти, пренесе Тас. Од инфекција со корона вирус оздравеа уште 3.162 пацинти, а вкупно вирусот го победија 770.639 луѓе. Русија според бројот потврдени случаи […]

Берзи: Технолошкиот сектор го вивна Волстрит на рекордно ниво, другите пазари во пад


На Волстрит, индексот S&P 500 достигна рекордно ниво минатата недела, во голема мерка благодарение на растот на секторот за технологија, додека на другите светски берзи инвеститорите се повнимателни заради бавното закрепнување на економиите. Индексот Дау Џонс остана практично непроменет минатата недела, на 27.930 поени, додека S&P 500 се искачи за 0,7 проценти на рекордни 3.397 […]

Вонредно прскање против комарци во вторник


Град Скопје соопшти дека поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, донел одлука во вторник да спроведе вонредно прскање против комарци. Оваа година, како што посочија од Град Скопје, извршени се четири авионски и четири терестични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на […]

Двајца мотоциклисти повредени во две одделни сообраќајки во Скопје


Двајца мотоциклисти вчера се повредени во две одделни сообраќајки што се случиле во Скопје. Како што информира МВР, во првата сообраќајка што се случила вчера во 12:00 часот на улицата „Скупи“ учествувале патничко возило „ауди А3“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(39) од Скопје и мотоцикл „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(41) […]

Кој крвен притисок е „нормален“ и кој тип на болка во градите треба да ве загрижи


Кардиоваскуларните заболувања се причина за повеќе од 50 проценти од смртните случаи, а скоро 40 проценти од животите би можеле да се спасат со добра превенција, но и навремено препознавање на проблемите и третманот. Кој притисок се смета за нормален ? Горниот 135, а понискиот помалку од 90. Сепак, горниот притисок не треба да биде […]

(Видео) Хаос на словенечко-австриската граница, се чека по 13 часа


Новата уредба на австриската влада предизвика хаос на границата со Словенија во покраината Корушка. Кај тунелот „Караванки“ патниците, според полициското соопштение, чекале по 10 часа, а на преминот „Лојблтунел“ се чекало и по седум часа. Во покраинската дирекција на полицијата во текот на целата ноќ ѕвонел телефонот, затоа што патниците постојано се жалеле. Исто така, […]

На кои прашања од хашките обвинители ќе одговара Али Ахмети


Во обвинението поднесено против „Хашим Тачи, Кадри Весели и други“ тие се товарат за дела против човештвото и за воени злосторства, вклучително и убиства, присилни исчезнување на лица, прогони и тортура. Али Ахмети како член на генералштабот на ОВК веројатно треба да каже што знае за ова   Барем една работа околу повикот на специјалното […]

Тринаесет лица починале бегајќи од полицијата на недозволена забава во Лима


Најмалку 13 лица ноќеска загинале во предградието на перуанскиот главен град Лима бегајќи од полицијата која дошла да испита неодобрена забава, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесе ДПА. Полицијата првично била повикана во барот каде што се собрале околу 120 лица, кршејќи ги мерките против коронавирусот со кои се ограничуваат масовните собири. Откако полицијата влегла […]

Астероидот поминува покрај Земјата еден ден пред претседателските избори во САД


Американската вселенска агенција НАСА објави дека астероидот ќе помине покрај планетата Земја на 2 ноември. Дијаметарот на астероидот означен со „2018VP1“ е нешто помалку од два метра, а се проценува дека неговото влијание врз нашата планета најверојатно ќе биде мало, според НАСА. Американскиот Си-Ен-Ен посочува дека е интересно што тој ќе помине покрај Земјата ден […]

Тропската бура „Марко“ прераснува во ураган во заливот на Сан Франциско


Една од двете тропски бури што се движат кон заливот во Сан Франциско, „Марко“, во текот на денот ќе прерасне во ураган, предвидува американскиот Национален центар за урагани. Британските медиуми пренесуваат дека предупредување е издадено за сите северни делови од регионот на Заливот. Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека тропската бура „Марко“ се наоѓа […]

МЗ: Намален бројот на интервенции на ИМП кај лица во алкохолизирана состојба и по сообраќајни несреќи


Според статистичките податоци на Службата за Итна медицинска помош, во периодот од јануари до јули годинава, значително е намален бројот на интервенции на лица во алкохолизирана состојба и лица повредени во сообраќајни несреќи во споредба со истиот период минатата година. Тоа се должи на намалената фреквенција на движење и воведените мерките за спречување на ширење […]