Хрватска денеска забележа 275 новозаразени


Националниот штаб за цивилна заштитна на Хрватска денеска објави дека во земјата има 275 новозаразени со корона вирусот, што е помалку од вчерашните 306.

Активни случаи се 2.203, а меѓу нив 155 се во болница, од кои 12 на респиратор. Во последните 24 часа тестирани се 1.718 лица.

Од февруари до денеска забележани се 8.175 заразени, од кои 5.801 оздравеа, а починаа 171 пациент.

Тестирани се вкупно 150.460 лица, од кои 1.718 во изминатото деноноќие.

Во самоизолација се 7.095 лица.