Мурињо задоволен од селекцијата


Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изрази задоволство од селекцијата, иако клубот привлече само двајца играчи. Пјер-Емил Хојберг пристигна од Саутемптон, а Џо Харт потпиша како слободен агент и беше ангажиран како резервен голман.

Вчера „спарси“ ја одиграа својата прва контролна од предсезонските подготовки. Тие го совладаа Ипсвич со 3:0, а двете нови засилувања учествуваа на натпреварот.

– Клубот го пронајде моментот за трансфери многу интелигентно. Пјер имаше договор уште една година и неговиот клуб беше во тешка ситуација во врска со преговорите. Двајцата нови ќе го направат нашиот тим посилен. Џо има многу искуство и сега имаме три добри голмани. програма со сите турнири – Лига Купот, Лига Европа … Дури и голманите не можат да играат на секој натпревар, сподели Мурињо.

Португалецот исто така ја коментираше и првата проверка на тимот.

– Прерано е играчите да играат 90 минути. Ова е прва недела на тренинзи. Ипсвич е во Првата лига, но тренира веќе неколку недели. Тие го задржаа нивото во текот на целиот натпревар. Видов многу добри работи, додаде Мурињо.