Во БиХ само 189 новозаразени, но малку тестирани


 

Денеска во Босна и Херцеговина забележани се само 189 новозаболени и 380 оздравени, но тестирани се малку односно 899 примероци.

Во Федерацијата има 125 позитивни, во Република Српска 62, а во Дистриктот Брчко двајца.

Во Федерацијата денеска биле тестирани 597 примероци или вкупно 109.953, а вкупно заболени досега се 10.832 лица.
Излечени се 7.517 пациенти, а вкупно починале 288 од кои тројца последното деноноќие

Во РС тестирани се 302 примероци, од кои 62 позитивни. До сега во РС заболеа 6.796, оздравеа 4.014, а починаа 230 лица. Вкупно се тестирани 60.704 лица.