Во Русија речиси 5.000 новозаразени


 

Русија денеска потврди 4.852 случаи од корона вирус, а вкупниот број инфицирани достигна 956.749, соопштија здравствените власти.

Од Ковид-19 починаа уште 73 лица, а од почетокот на пандемијата вкупно 16.383 пациенти, пренесе Тас.

Од инфекција со корона вирус оздравеа уште 3.162 пацинти, а вкупно вирусот го победија 770.639 луѓе.

Русија според бројот потврдени случаи со Ковид-19 е на четврто место во светот, по САД, Бразил и Индија.