Живко Митревски најави враќање на чело на ССМ, добил на Вишиот управен суд

Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски денеска на прес-конференција соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба. Тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише како легитимен претседател на ССМ.

– Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира, рече Митревски на прес-конференцијата.

Митревски во 2017 година беше заменет од актуелниот претседател на ССМ Дарко Димовски.