Доктор од болницата во која се лечи Навални: По симптомите може да кажам за кој отров се работи


Рускиот опозиционер Алексеј Навални се уште е во кома на интензивното одделение во болницата „Черити“ во Берлин, а во неговото лекување вклучен е цел тим лекари.

– Врз основа на симптомите кои ги имаше Алексеј Навални можеме да кажеме дека се работи за труење многу слично на она кое го имаше пред две години Пјотр Верзилов, друг руски опозиционер кој со слични симптоми на труење се лечеше во „Черити“.
Ако Навални е отруен, најверојатно може да станува збор за неуро-мускулен отров кој доведува до парализа. Дали се работи за труење, ќе знаеме за два три дена – за „Слободна Далмација“ вели проф. д-р Андреј Трампуж, словенечки лекар, кој низа години живее во Берлин и работи во болницата „Черити“, во која беше примен Навални.

Посебен медицински авион кој пред три дена одлета во Омск за да го превезе Навални на лекување во Германија, слета на берлинскиот аеродром од каде пацинтот беше превезен во „Черити“.

Се уште е во кома

– Сместен е на интензивното одделени во нашата болница, се уште е во кома, но во стабилна состојба и за него се грижат најдобар тим германски лекари по интензивна нега. Пет часа лет со авион од Омск до Берлин помина најдобро што може и немаше никакви компликации.

Земени се примероци од крв и урина и сега ќе се направат токсиколошки анализи за да утврдиме за што се работи и дали нашиот пациент навистина е отруен, како што велат неговите блиски. За да утврдиме дали пациентот е отруен, потвребно е тој да биде примен во нашата болница во рок од пет до седум дена од настанот. За неговото лечење се грижат анестезиолози, лекари од интензивна медицина, а ако се појави некаква инфекција , за него ќе се грижи мојот тим лекари – вели д-р Трампуж.

Тој додава дека случајот е сличен на оној на Варзилов, кој успешно беше излечен. Ако органите не се оштетени и ако не почнат да откажуваат и Навални има добри шанси да се опорави, тврди д-р Трампуж.

Навални нема дијабетес

На Навални животот му се промени во еден момент, кога почувствувал болка и потоа паднал во кома, додава д-р Трампуж.

Како што пренесоа светските медиуми, руските лекари рекле дека кај Навални се појавил „дисбаланс на глукоза во крвта, што можеби е последица на падот на нивото на шеќер во крвта“.

– Тоа е глупост, тоа не е болест, туку симптом кај некој кој има дијабетес. Ако падне нивото на шеќерот, пациентот доживува шок, но Навални нема дијабетес и неговите вредности на глукоза се добри. Не знаеме што работеле колегите во Омск, па не можеме точно да знаеме, ќе мора да поминат сите фази на лечење, односно да реконструираме се што правеле. Сепак, мора да кажам добро реагирале и го интубирале – вели д-р Трампуж.

На почетокот имаше големи проблеми околу превозот на Навални од Омск до Берлин, затоа што Русите тврдеа дека не е способен да го издржи патот.

Д-р Трампуж тврди дека нема основи за тоа, затоа што авионот има се, потребната опрема, како и тимот лекари и делува како интензивна нега.

Зошто семејтвото на Навални сакаше тој да се лечи токму во „Черити“, д-р Трампуж вели дека болницата е светски позната, има неколку успешни лекувања на вакви случаи. Се наоѓа во источниот дел на Берлин, па многумина знаат руски јазик и лесно се разбираат со луѓето од тие краишта.

Исто така, се знае дека болницата е доверлива и дека нема да има надворешно влијание на лекувањето на Навални и дека на крај ќе ја кажат вистината за што точно се работело.