Директорот на „Мој термин“ позитивен на Ковид-19


Директорот на Управата за електронско здравство – Мој термин, Рефик Мустафа кој потпаѓа под министерството за здравство е позитивен на Ковид 19, а пет негови контакти со кои заедно работи ќе бидат 14 дена во самоизолација, пишува „Фокус“.

Според нашите информации, в.д директорот се нашол на вчерашниот список на заразени од корона вирус, а на неговите контакти во петок им била направена епидемиолошка анкета. Тоа значи, дека се појавил и кластер-Мој термин во министерството за здравство, па сите тие во наредните 14 дена би работеле од дома.