Како песната на Виктор Цој од пред 33 години стана химна на протестите во Белорусија


Туристите што доаѓаат во Москва често се сликаат покрај муралот посветен на Виктор Цој (Фото: Гети)

Секој што ги следи протестите во Белорусија, мора да забележи дека меѓу демонстрантите упорно се провлекува една песна.

Насловот на песната е „Сакам промена“ од Виктор Цој и зборува за чекањето да се случи промена, така што во неа можат да се најдат милиони луѓе низ источна Европа.

За да го разбереме значењето на оваа песна, мора да се вратиме на младиот фабрички мајстор за бојлери од Санкт Петербург, кој почина пред 30 години во сообраќајна несреќа во денешна Летонија. Денес, просторијата што ја користеше како канцеларија во осумдесеттите години е еден вид рок храм.

Сепак, не беше работата од 9 до 17 часот што го направи познат Цој.

Во култниот советски филм „Асја“ од 1987 година, Цој се појавува во последната сцена како млад пејач кој пристигнува во ресторан, каде му читаат список на правила за официјални изведувачи на ресторани.

Наместо да стои и да слуша, Цој одговара дека е поет и си заминува. Тој се приклучува на групата што го чека, а камерата потоа се пренасочува кон собраната маса а која ја свири песната „Сакам промена“.

Авторот на трудовите за Цој, Керолин Ридлер од Универзитетот во Нотингем, вели дека оваа сцена го направила „симбол на промените“.

Во раните 1980-ти во Советскиот Сојуз, рок музиката беше подземно движење. Луѓето шверцуваа плочи на западните бендови преку границата, додека во земјата постоеше строга контрола за тоа кој би можел да настапи.

Филмот „Асја“ зборува за културните промени што брзо се случуваа во поранешниот СССР. Овие промени започнаа со таканаречената политика на гласност, т.е. релаксација на цензурата, која ја воведе Михаил Горбачов за време на Перестројката (процес на политичко и економско реструктуирање на земјата во 1985-1991 година).

И 30 години по смртта на рокерот Виктор Цој неговата слава не бледнее во поранешните советски простори

Повеќе од триесет години подоцна, низ улиците на Минск се пее песната на Виктор Цој. Сепак, ова не е прв пат песната да стане протестна химна: ја отпеја демонстрантите на антивладините протести во Москва во 2011 година, а потоа и на контра-митинзите.

„Сега е химна на опозицијата“, забележува Керолин Ридлер. Сепак, додава таа, Цој е претставен како политички револуционер, што тој никогаш не планирал да биде, ниту сакал да биде револуционерна фигура.

„За време на ерата на гласноста, Цој успеа да се пробие. Тој беше на државната телевизија, му користеше она што се случуваше. Тој пееше за внатрешна промена“, смета Ридлер. (Би-би-си)