(Видео) Автобус со патници падна во реката Сена во Франција


Автобус со патници денеска падна од мост во Франција во реката Сена, во близина на местото Живизи-сир-Орж, јавуваат француски медиуми.

Според првичните информации, во возилото се наоѓале четири лица. Дел од патниците и возачот биле спасени, но едно лице сè уште се води како исчезнато.

На местото на несреќата веднаш пристигнале спасувачки служби, вклучително и речна полиција и противпожарни единици, кои продолжуваат со потрагата и обезбедување на теренот.

Француските медиуми наведуваат дека возачот најверојатно ја изгубил контролата над автобусот пред тој да излета од мостот и да заврши во водата.

Засега нема потврдени информации за жртви, а локалните власти ја опишуваат несреќата како шокантна и неочекувана. објави Скопје1.мк