Во Центар се менуваат 3.982 светилки со ЛЕД осветлување


Општина Центар ја започна првата фаза од проектот „Смарт сити“ со инсталација на паметни светилки низ цела територија на општината. Системот го имплементира А1 Македонија преку целосна реконструкција на постоечкото улично осветлување и паралелна имплементација на светилките и паметните ормари. Станува збор за замена на 3.982 улични светилки со нова технологија на ЛЕД светилки за …

Во Центар се менуваат 3.982 светилки со ЛЕД осветлување Read More »

Герасимовски прави нов плоштад пред просториите на општината


Ново урбано катче, нов плоштад, најави градоначалникот на Општина Центар, Горан герасимовски, а веќе го огради просторот каде ќе биде поставена унсталација.  – Работиме на ново урбано катче на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало. Станува збор за модерна конструкција „Урбан атрактор“ на површина од 56 метри квадратни …

Герасимовски прави нов плоштад пред просториите на општината Read More »

Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција


Потребна е стратегија и патоказ за да имаме одржлив процес за енергетска транзиција во Општина Центар, ова е заклучокот од денешната работилница што се одржа во Енергетската канцеларија во локалната самоуправа. На работилницата на која учествуваа експерти, претставници на невладини организации, преставници на Општината и општинското претпријатие Енергија центар, соговорниците дискутираа за актуелните проекти во …

Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција Read More »

Без вода дел од општина Центар, без струја делови од Чаир и Аеродром


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Петар Попарсов“, „Костурски херои“, „Васил Стефановски“,  „Диме Аницин“ и „Роза Луксенбург“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект од од ф – 80 милиметри на улица „Васил Стефановски“ број 16. Корисниците …

Без вода дел од општина Центар, без струја делови од Чаир и Аеродром Read More »

Со клик до извод од ДУП, регистрирајте се на ГИС порталот на Општина Центар


Услугата вадење на извод од ДУП е достапна за сите регистрирани корисници на ГИС порталот на општина Центар односно на (географскиот информациски систем). Со регистрација на  https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map, или преку страната  на Општина Центар https://www.centar.gov.mk активна е опцијата  за електронско поднесување барање за извод од ДУП, со што се олеснува и забрзува процедурата, без беспотребно чекање по шалтери. Регистрираниот …

Со клик до извод од ДУП, регистрирајте се на ГИС порталот на Општина Центар Read More »

Герасимовски: Ако надлежноста за јавната хигиена ја преземат општините сигурен сум дека ќе имаме почисти населби


Ако општините ја преземат одговорноста за јавната чистото, Скопје би бил многу почист, смета градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „Доколку сите општини ги преземат ингеренциите од градот за одржување на јавната хигиена на булеварите сигурен сум дека градот односно сите општини ќе бидат многу почисти од сега“, вели Герасимовски, во денешното гостување во Слободен …

Герасимовски: Ако надлежноста за јавната хигиена ја преземат општините сигурен сум дека ќе имаме почисти населби Read More »

Делови од Карпош и Центар без струја


 Без електрична енергија денеска од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Горно Нерези, Општина Карпош.  Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Крсто Баиќ“ и „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град …

Делови од Карпош и Центар без струја Read More »

Општина Центар распиша јавен повика за доделување локации за поставување подвижни објекти и апарати


Општина Центар воведува ред во уредувањето, начинот и условите за поставување подвижни објекти на своја територија. Во јавниот повик кој е во тек, предвидени се вкупно 14 атрактивни локации за нивно поставување. Објектите што ќе се поставуваат можат да бидат на сопствен погон или можат да бидат направи што немаат сопствен погон на движење, односно …

Општина Центар распиша јавен повика за доделување локации за поставување подвижни објекти и апарати Read More »

Општина Центар субвенционира реконструкција на фасади


Oпштина Центар денеска го објави Јавниот повик за пријавување на заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од управител на станбени згради или заедница на сопственици од подрачјето на општината за реконструкција на фасадите на нивните станбени згради. Реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно …

Општина Центар субвенционира реконструкција на фасади Read More »

Бараката се урна – сега станува паркинг


Бараката, која долго време некористена стоеше покрај ООУ „Коле Неделковски“ во Центар, општината ја урна пред извесно време. Сега, на тоа место се гради паркинг. – Оформуваме мал паркинг простор веднаш до ООУ „Коле Неделковски“ на местото на поранешната барака која беше дивоградба и неодамна се урна. Малиот паркинг ќе помогне во регулирање на сообраќајот …

Бараката се урна – сега станува паркинг Read More »

Бесплатен паркинг во Центар во следните три дена


Сите паркинг места на Општина Центар ќе бидат бесплатни утре (сабота), задутрe (недела) и в понеделник. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Засилени инспекции против загадувањето во Центар


Инспекциските служби на Центар спроведуваат засилени надзори и контроли на територијата на општината за справување со аерозагадувањето и оставањето градежен отпад. Контрола е извршена на повеќе активни градилишта во Буњаковец, Центар, Кале и Пролет, при што се изречени глоби на субјекти кои не ги почитувале мерките за одржување на градилиштата на начин што нема да …

Засилени инспекции против загадувањето во Центар Read More »

Во четврток Дац и Александар ќе ги забавуваат центарци во пресрет на Нова година


Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски го најави предновогодишно дружење на Боемска 1 на кое присутните ќе ги забавуваат познатите Дац и Александар. Овој четврток (задутре) забавата започнува од 19 часот со настап на ДЈ Александар Јорданов, а од 21 часот продолжуваат Дац и Александар Митевски. – Истиот ден со почеток во 11 часот свои музички …

Во четврток Дац и Александар ќе ги забавуваат центарци во пресрет на Нова година Read More »

Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“


Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“ на веб страната на општината преку која граѓаните ќе можат да направат преглед на приходите и расходите во Нацрт-буџетот на Општина Центар за 2024 година и партиципативно да учествуваат во креирање на буџетот за наредната година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира  дека покрај Буџетските …

Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“ Read More »

Отворена енергетска канцеларија во Центар


Општина Центар ја отвори првата Енергетска канцеларија во нашата земја, со цел да ја поттикне енергетската транформација и транзиција во локалните самоуправи, но и пошироко на државно ниво. Во канцеларијата, сместена во Младинскиот центар ,,Матично’’, граѓаните и сите заинтересирани страни ќе можат да се информираат за можностите за енергетски инвестиции, да учат на темата зелена …

Отворена енергетска канцеларија во Центар Read More »

Градинката „Пролет“, монтажна гаража во Капиштец, реконструкција на 14 улици – приоритети на Центар за в година


Општина Центар вчера ја одржа првата форумска сесија за планирање на буџетот за 2024 година, на која учество зедоа градоначалникот Горан Герасимовски, раководителите на сите сектори на општинската администрација, советници во Советот на општината, претставници на невладини организации, како и граѓаните на Центар. Преку овие форуми општината ги вклучува граѓаните во креирањето и реализацијата на …

Градинката „Пролет“, монтажна гаража во Капиштец, реконструкција на 14 улици – приоритети на Центар за в година Read More »

Општина Центар започна со редовна есенска дератизација


Општина Центар започна со есенска дератизација на сите јавни површини и јавни објекти на територијата на цела локална самоуправа. Дератизацијата се спроведува со цел уништување на штетни глодари, инсекти и превенција од заразни болести. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата …

Општина Центар започна со редовна есенска дератизација Read More »

Доделени осум стипендии на ученици во социјален ризик – секој месец по 3.000 денари


 Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска додели осум стипендии за учебната 2023/2024 година на ученици од семејства со висок социјален ризик кои учат во основните училишта во општината. -Преку доделувањето на овие стипендии, Општина Центар и јас, како нејзин градоначалник, сакаме да ви дадеме поголема мотивација за учење и постигнување високи резултати. Нека овие …

Доделени осум стипендии на ученици во социјален ризик – секој месец по 3.000 денари Read More »

Општина Центар почнува промоција на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата


Денес Општина Центар стартуваше со промоција на протокол наменет за правилен пристап кон дечињата со дијабетес, а истиот ќе биде спроведен во градинките и училиштата.  – Во градинката „Пепелашка“ клон на градинката Р.Ј. Корчагин беше промовиран протоколот за постапување со деца со дијабетес тип 1 во градинките и училиштата. Протоколот е изработен од Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК, …

Општина Центар почнува промоција на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата Read More »

„Маалски фестивал“ во Центар – работилници, маскенбал, мурал…


Со детска работилница, креативно пишување, цртање и раскажување во ОУ „Киро Глигоров“ градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и директорот на Културниот центар Јадро Ѓорѓе Јовановиќ го најавија второто издание на „Маалски фестивал“ кој ќе се одржи во Дебар Маало каде ќе бидат изведени голем број на улични уметнички акции. „Ве поканувам сите да дојдете …

„Маалски фестивал“ во Центар – работилници, маскенбал, мурал… Read More »