Без вода дел од општина Центар, без струја делови од Чаир и Аеродром


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Петар Попарсов“, „Костурски херои“, „Васил Стефановски“,  „Диме Аницин“ и „Роза Луксенбург“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект од од ф – 80 милиметри на улица „Васил Стефановски“ број 16.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. 

Без електрична енергија денеска од 8:30 до 13 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Златарска“„, Кујунџиска“ и објектите околу џамијата „,Араста“ во Стара скопска чаршија. 

Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Божидар Рајковиќ“ во населба Лисиче. 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.