Бесплатен паркинг во Центар во следните три дена


Фото: Б. Грданоски

Сите паркинг места на Општина Центар ќе бидат бесплатни утре (сабота), задутрe (недела) и в понеделник.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.