Општина Центар почнува промоција на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата


Денес Општина Центар стартуваше со промоција на протокол наменет за правилен пристап кон дечињата со дијабетес, а истиот ќе биде спроведен во градинките и училиштата. 

– Во градинката „Пепелашка“ клон на градинката Р.Ј. Корчагин беше промовиран протоколот за постапување со деца со дијабетес тип 1 во градинките и училиштата. Протоколот е изработен од Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК, на барање на родители чии деца имаат дијагностициран дијабетес тип 1 и е во соработка со Министерството за здравство. Прирачникот е наменет за воспитниот и наставниот кадар и има за цел да ги запознае вработените со основните постулати на дијабетесот, терапевтските можности и контролата на гликемијата. Во Општина Центар учат 10 деца со дијагностициран тип 1, и за сите нив е потребно знаење за навремената и соодветната реакција која е најважна доколку е потребно. Затоа овој Протокол верувам дека ќе најде соодветна примена во сите образовни институции, велат од Општина Центар.