Бараката се урна – сега станува паркинг


Бараката, која долго време некористена стоеше покрај ООУ „Коле Неделковски“ во Центар, општината ја урна пред извесно време. Сега, на тоа место се гради паркинг.

– Оформуваме мал паркинг простор веднаш до ООУ „Коле Неделковски“ на местото на поранешната барака која беше дивоградба и неодамна се урна. Малиот паркинг ќе помогне во регулирање на сообраќајот особено наутро и попладне кога родителите ги оставаат или земаат децата од училиште и ќе ја големи безбедноста на сите други ученици и вработение во училиштето – соопшти градоначалникот на центар, Горан герасимовски.

Според него, на овој начин вложуваат во нови паркинг места и подобри сообраќајни решенија.