Утре без струја корисници во Кисела Вода и Центар


Утре без струја од 08:30 до 14 часот ќе бидат корисниците  од ул. Дренак во општина Кисела Вода, а од 08:30 до 15  часот корисници од улиците „Владимир Назор“, „Кумровец“ и „Ѓорѓи Абаџиев“  во општина Центар, сооопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

Нов асфалт и водовод на улица „Бигла“ на Водно


Општина Центар почна да ја реконструира улица „Бигла“ на Водно. Планирано е да се постави нов водовод, осветлување, асфалт, како и да се реши проблемот со каблите на операторите. „По  цели 50 години за жителите на улицата ‘Бигла’ на Водно калта, прашината и темниците ќе бидат минато. Улицата нема асфалт, туку некаде импровизирано е поставен …

Нов асфалт и водовод на улица „Бигла“ на Водно Read More »

Казни за градежен шут


Градските комунални инспектори во рок од една недела изрекле шест казни за комунална хигиена. Три од казните се на физички лица за фрлање градежен шут, а две физички лица биле казнети поради палење оган на отворено. Од Град Скопје информираат дека во рамките на интензивираната контрола на градилиштата едно приватно лице било казнето поради нечисти …

Казни за градежен шут Read More »

Граѓаните во акција: Доколку забележите, пријавете рафрлен отров


Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ги повикува граѓаните доколку забележат расфрлен отров во централното градско подрачје веднаш да се јават на телефонските броеви: 070 424685 Емилија Поповска и 075 437068 Јулија Малахова. Градоначалникот, информираат од општина Центар, веќе разговараше со командирот на полициската станица Центар и договорено е да се зајакнат контролите. Општинските власти …

Граѓаните во акција: Доколку забележите, пријавете рафрлен отров Read More »

Никола Груевски денеска во судница


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Насилство во Центар“ во кој обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниелa Рангелова и уште 11 други лица. Судијката Татјана Михајлова на минатото рочиште не го прифати барањето на дел од …

Никола Груевски денеска во судница Read More »

Условна казна за Томислав Лазаров за „Насилствата во Центар“


Затворска казна од шест месеци што нема да биде спроведена доколку во следните две години не стори кривично дело е пресудата што Кривичниот суд денеска му ја изрече на Томислав Лазаров, обвинет за „Насилствата во Центар“. Поранешниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, кој на недамнешното рочиште ја призна вината,  уште еднаш …

Условна казна за Томислав Лазаров за „Насилствата во Центар“ Read More »

Груевски негира вина за „шамарите“ во Центар


Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, кој е првообвинет во случајот „„Насилство во Центар“, на денешната главна расправа во Кривичниот суд се изјасни за невин по обвиненијата што против него ги поднесе СЈО. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, исто така, се изјасни за невин, објаснувајќи дека ниту нешто …

Груевски негира вина за „шамарите“ во Центар Read More »