Учениците без учебници, а министерот Шаќири оди на Самит во Њујорк за трансформација на образованието


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот за трансформација на образованието, што од 16 до 19 септември ќе се одржи во Њујорк, САД. Самитот, свикан од генералниот секретар на Обединетите Нации, има за цел да мобилизира на глобална политичка акција, барање решенија и покажување солидарност во пост-пандемискиот период, насочени кон подобрување …

Учениците без учебници, а министерот Шаќири оди на Самит во Њујорк за трансформација на образованието Read More »

Никако да се надмине проблемот со учебниците, нема ни за средношколците


Учебната година почна навреме, но и годинава изостанаа учебниците за учениците од основните и средните училишта. Во основното образование се импровизира со еден учебник по сите предмети од прво до петто одделение, а оние во повисоките класови мака мачат со учебниците кои ги добиле од претходните генерации затоа што се неупотребливи, искинати или им фалат …

Никако да се надмине проблемот со учебниците, нема ни за средношколците Read More »

МОН: Учениците нема да учат од скрипти, материјали ќе се поделат пред 1 септември


Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година. Учениците нема …

МОН: Учениците нема да учат од скрипти, материјали ќе се поделат пред 1 септември Read More »

Продолжува маката со учебниците пред почетокот на учебната година


Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми. Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по …

Продолжува маката со учебниците пред почетокот на учебната година Read More »

Учениците ќе имаат и дигитални и печатени учебници


Министерот за образование Јетон Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање, потврди дека учениците кои почнаа од лани со новата дигитална концепција, следната учебна година ќе учат и од дигитални и од печатени улебници.  – Вие знаете дека со концептот што почна лани во прво и четврто одделение треба да продолжи. Материјалите кои биле потребни се направени …

Учениците ќе имаат и дигитални и печатени учебници Read More »

Рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници за основно образование е до 20 мај


Министерството за образование и наука информира рокот за доставување на ракописи во рамки на конкурсот за издавање на учебници за предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во деветогодишното основно образование за кои се изработени нови наставни програми е продолжен до 20 мај. Сите останати конкурсни услови остануваат непроменети.    Право на учество на …

Рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници за основно образование е до 20 мај Read More »

Јавен оглас за рецензенти на учебници


Министерството за образование и наука објави оглас за рецензенти на учебници за предмети во прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. Кандидатите што ќе се пријават за рецензирање на учебниците треба да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот, да бидат наставници од основно  училиште соодветни за конкретниот предмет …

Јавен оглас за рецензенти на учебници Read More »

МОН: Објавен конкурс за издавање на учебници за основно образование


Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во рамки на процесот на унапредување на наставните содржини и модернизација на наставата во основното образование, денеска е објавен конкурс за издавање на учебници по предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во деветогодишното основно образование, за кои се изработени нови наставни програми. Право на учество …

МОН: Објавен конкурс за издавање на учебници за основно образование Read More »

Објавен нов конкурс за издавање учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование


Објавен е нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование, за повеќе струки – геолошка, рударска, металуршка, градежно – геодетска, графичка, економско – правна, трговска, електротехничка, здравствена, земјоделско – ветеринарна, лично услуги, машинска, сообраќајна, текстилно – кожарска, угостителско – туристичка, шумарско – дрвопреработувачка и хемиско – технолошка струка, информира Министерството …

Објавен нов конкурс за издавање учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование Read More »

Објавен конкурс за учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование


Педагошката служба денеска објави Конкурс за издавање учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование, за повеќе струки. Министерството за образование и наука информира дека објавениот конкурс е во рамки на процесот на унапредување на наставните содржини и модернизација на наставата во средното стручно образование. Право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со …

Објавен конкурс за учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование Read More »

Шаќири: Од 1 септември учениците ќе ги имаат сите учебници


Министерството за образование и наука ги разгледува сите можности, во тек се постапки и од 1 септември сите ученици во основно и средно образование ќе имаат учебници, соопшти ресорниот министер Јетон Шаќири. Пред учеството на трибина во Струга, која е дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“, одговарајќи на новинарско прашање за немањето учебници по …

Шаќири: Од 1 септември учениците ќе ги имаат сите учебници Read More »

Антиката ќе почека нова грчка комисија


Промената на власта во Грција ги запре преговорите во Комисијата за учебници. Иако од грчката страна стигнаа информации оти голем дел од отворените прашања биле решени во нивна полза, фактите на терен говорат дека во моментов има целосен застој во дијалогот, затоа што Македонија нема со кого да преговара. Според информациите од нашата страна, Грција …

Антиката ќе почека нова грчка комисија Read More »

Со години нема учебници за стручното образование


Со години нема учебници во дел од средните стручни училишта, па наставниците се принудени сами да се снаоѓаат кога го предаваат наставниот материјал. За машинската струка фалат учебници по предметите технологија на обработка за прва, втора и трета година, компјутерско моделирање и конструирање за втора и трета година и проектирање на производно-технолошки системи за четврта …

Со години нема учебници за стручното образование Read More »

Ќе се ревидираат учебниците по историја и географија


Откако ќе завршат разгледувањата на забелешките на учебниците по историја и географија од страна на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија и Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, образовни и археолошки прашања на Северна Македонија и на Грција и ќе се усогласат ставовите, ќе почне ревидирањето на учебниците во земјава, вели …

Ќе се ревидираат учебниците по историја и географија Read More »

Во грчките учебници немало дека сме творба на Тито


Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, образовни и археолошки прашања од земјава и Грција ќе бара начин да се реинтерпретираат одредени историски настани, но нема да се исфрлаат содржини од учебниците, велат извори од Комитетот по дводневниот состанок во Скопје. Македонската страна, како што велат, се повикува на принципите на Советот на Европа и …

Во грчките учебници немало дека сме творба на Тито Read More »

Бугарија и доставила на Македонија над 30 страници со забелешки за учебниците по историја


Бугарија достави над 30 страници со забелешки на учебниците по историја во Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. На пратеничко прашање во бугарскиот Парламент, Захариева рече дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија веќе имала два состанока, а третиот треба …

Бугарија и доставила на Македонија над 30 страници со забелешки за учебниците по историја Read More »

Училишни маки на секој почеток од учебна година


Околу петстотини ученици од ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар наместо на настава седат дома. Родители револтирани од ситуацијата велат дека децата на првиот училиштен ден отишле на училиште, а попладнето одговорните им соопштиле дека наставата ќе се одложи до крајот на неделава. Проблем е што доградбата започната лани и уште не е завршена иако …

Училишни маки на секој почеток од учебна година Read More »

Учениците од прво до трето одделение ќе учат од нови учебници


Ученици од прво, второ и трето одделение ќе добијат нови учебници. За овие одделенија секоја учебна година ќе се печатат нови учебници, но не како што беше пракса досега да се печатат само оние во кои децата пишуваат или цртаат, рече министерот за образование и наука. До училиштата ќе бидат доставени и 22 коригирани учебници …

Учениците од прво до трето одделение ќе учат од нови учебници Read More »

Адеми: Учебници за учениците ќе има


Министерот за образование и наука Арбер Адеми тврди дека за сите ученици ќе има учебници за учебната 2018/2019 година. За сè што работеле периодов, а ги опфаќа и дополнувањата и исправки во учебниците, рече дека Министерството има пријатни изненадувања, но повеќе ќе обелоденел на прес-конференција, иако  почетокот на учебната година е само за десетина дена. …

Адеми: Учебници за учениците ќе има Read More »

Коригирани 24 учебници со грешки


Заврши промената на содржината на учебниците во кои беа констатирани забелешки од стручен, методолошки и технички аспект, а според укажувањата на наставниците. Промените ги направи комисијата во која членуваат стручни лица, велат од Педагошката служба. „Независен весник“ уште пред две недели објави дека станува збор 24 учебници. И тоа 22 учебници што се користат во …

Коригирани 24 учебници со грешки Read More »