МОН демантира дека дигиталните учебници не се користат како што тврди ВМРО-ДПМНЕ


Министерството за образование и наука најостро ги демантира шпекулациите, неточностите и наводите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на електронските учебници, за кои од опозицијата рекоа дека пред избори се потпишал уште еден договор за набавка. – Интерактивните дигитални учебници се составен дел од Концепцијата за основно образование и програмата за основно образование, поддржана …

МОН демантира дека дигиталните учебници не се користат како што тврди ВМРО-ДПМНЕ Read More »

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година


Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за учебници за наставни предмети за седмо одделение кои ќе се користат од идната учебна 2024/2025 година. Според објавениот конкурс, МОН очекува понуди за издавање по еден учебник за седмоодделенци за наставните предмети: Македонски јазик, Албански јазик, Српски јазик, Турски јазик, Босански јазик, Математика, …

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година Read More »

МОН утре ќе почне да објавува повици за автори за нови учебници за седмо одделение


Министерството за образование и наука утре ќе ја почне постапката за изработка на учебници за седмо одделение кои ќе се користат идната учебна година, откако Бирото за образование и наука (БРО) минатата недела ги достави до МОН наставните програми за седмо според Концепцијата за основно образование која се спроведува етапно. Министерот Јетон Шаќири соопшти дека …

МОН утре ќе почне да објавува повици за автори за нови учебници за седмо одделение Read More »

Ако нема програма за седмо одделение до крајот на ноември, Шаќири ќе бара одговорност


 Откако пред неколку дена соопшти дека крајот на ноември е рокот до кога Бирото за развој на образованието (БРО) треба да ги подготви наставните програми за седмо одделение согласно новата Концепција, за да нема доцнење со изработката на учебници за седмоодделенците во наредната учебна година, министерот Јетон Шаќири денеска изјави дека ако не се почитува …

Ако нема програма за седмо одделение до крајот на ноември, Шаќири ќе бара одговорност Read More »

Вчера доставени сите учебници до учениците, но сагата продолжува


По најавите дека најдоцна до почетокот на октомври учениците ќе ги добијат учебниците, министерот за образование Јетон Шаќири вели дека заклучно до вчера доставени се сите учебници. – Учебниците во Градот Скопје, според информациите, сите се завршени, и во другите делови на градот, за шетсто одделение, како постапка, и доставата на учебници се заврши. Во …

Вчера доставени сите учебници до учениците, но сагата продолжува Read More »

Уште не се доставени сите учебници за шесто одделение, а се работеше и за викенд


 Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува доставата на учебници за шесто одделение да заврши наскоро и дека во некои градови таа е веќе завршена. Во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик Шаќири вели дека учебници за шесто, кои годинава се печатат нови согласно новите наставни програми, се доставуваат секојдневно и дека …

Уште не се доставени сите учебници за шесто одделение, а се работеше и за викенд Read More »

И премиерот со оправдување зошто учениците немаат учебници


Владата и Министерството за образование сите процедури околу новите учебници за учениците ги имаат завршено уште во текот на првите месеци на летото, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска при посетата на фирмата „Мако маркет“ во Скопје даде одговор на прашањето зошто дел од учебниците не се дистрибуирани до учениците и дали министерот за образование …

И премиерот со оправдување зошто учениците немаат учебници Read More »

Викендов, дефинитивно, ќе се делат учебници


Министерството за образование и наука информира дека учебниците за шесто одделение кои се веќе одобрени од Националната комисија за учебници и имаат добиено ЦИП запис, веќе се печатат и испорачуваат до училиштата. Задолжените за испорака се максимално одговорни и ангажирани, во договорот со училишните раководства ќе испорачуваат учебници и во текот на овој викенд, велат …

Викендов, дефинитивно, ќе се делат учебници Read More »

Бендевска ќе ја тужи државата поради недостигот на учебници


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, подготвила тужба за заштита од дискриминација против Министерствтоо за образование, поради тоа што не обезбедило учебник за секое дете, поради што учениците немаат еднаков пристап до квалитетно образование. Комисијата, вели претседателката Весна Бендевска, работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што …

Бендевска ќе ја тужи државата поради недостигот на учебници Read More »

МОН обезбедило 1,4 милиони учебници, а учениците сепак фотокопираат


Министерството за образование и наука денеска се пофали дека преку откуп на учебници за кои министерството не ги поседува авторските права и преку печатење на оние кои се во сопственост на МОН, досега во 2023 година обезбеден е тираж од 1.374.324 учебници. Над 98% од нив, се веќе дистрибуирани. Но, од друга страна пак, родителите на …

МОН обезбедило 1,4 милиони учебници, а учениците сепак фотокопираат Read More »

Учебниците за трето поделени, за шесто при крај, МОН утре со детални информации


 Учебниците за трето одделение се завршени и доставени до сите основни училишта. За шесто одделение се одобрени учебниците по македонски јазик, албански јазик, природни науки, кои се на графичко-техничка обработка и печатење. Одобрен е и учебникот по математика, но ќе треба да поминат пет дена за жалбена постапка, соопшти денеска министерот за образование и наука …

Учебниците за трето поделени, за шесто при крај, МОН утре со детални информации Read More »

Шаќири: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири уверува дека до крајот на септември ќе бидат доставени учебниците за сите одделенија во основното образование односно за трето и за шесто каде што поради новите наставни програми доцни распределбата на учебниците.   Очекува дека по уште еден состанок на Националната комисија за учебници кој ќе се одржи …

Шаќири: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници Read More »

Шведска ги враќа печатените учебници и вежбањето на ракописот во училиштата


Додека децата се враќаа во училиштата во Шведска минатиот месец, многу наставници ставија акцент на печатени книги, тивко време за пракса за читање и пишување, а помалку внимание на таблетите, независно истражување на Интернет и вештини за пишување на тастатура. Враќањето на традиционалните методи на учење е одговор на загриженоста на политичарите и експертите дали …

Шведска ги враќа печатените учебници и вежбањето на ракописот во училиштата Read More »

Шаќири: На 7 септември ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение


Во споредба со претходната учебна година, стартот на оваа е поуспешен, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири прашан за оценка за почетокот на учебната 2023/2024 година со оглед на доцнењето на учебниците за шесто одделение и нејаснотиите околу спојувањето неколку предмети во ова одделение. -Во период од една година успеавме во основното образование …

Шаќири: На 7 септември ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение Read More »

Шаќири не чувствува одговорност што шестооделенците ќе добијат книги на крај на септември


Третооделенците за неколку дена од почетокот на учебната година, треба да ги добијат учебниците кои се во печатење, а шестооделенците ќе почекаат до крајот на септември, но министерот за образование Јетон Шаќири не чувствува одговорност за тоа. – Јас како министер целата постапка ја имав завршено на крајот на јули. Не учествувам како министер, или …

Шаќири не чувствува одговорност што шестооделенците ќе добијат книги на крај на септември Read More »

И за викенд се доставуваат учебници за сите да имаат на 1 септември


Сите учебници кои досега се одобрени за користење од страна на Националната комисија за учебници се испечатени и интезивирана е испораката до училиштата. Согласно акцискиот план, целосно завршена е испораката во југоисточниот регион, а во моментов учебници се распределуваат во училиштата во главниот град и во општините во северниот и западниот дел на државата.  Процесот …

И за викенд се доставуваат учебници за сите да имаат на 1 септември Read More »

МОН реагира на дезинформациите: Учениците ќе имаат учебници


Учебници за учениците ќе има. За време на летниот период годинава Министерството за образование и наука успеа сите одобрени учебници да ги испечати и до 1 септември тие ќе бидат испорачани до училиштата и на располагање на учениците. Еден мал дел учебници, кои не се испечатени, всушност сé уште се во постапка, односно за нивно …

МОН реагира на дезинформациите: Учениците ќе имаат учебници Read More »

Шаќири: Поголем дел од учебниците за трето и шесто и сите учебници за другите одделенија ќе ги има на 1 септември


 Сите учебници за прво, второ, четврто, петто, седмо, осмо и деветто одделение и поголем дел од учебниците за трето и шесто одделение ќе бидат доставени во училиштата до 1 септември. И во средното образование, по подолг период, ќе имаме достава на учебници на првиот училишен ден, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. За …

Шаќири: Поголем дел од учебниците за трето и шесто и сите учебници за другите одделенија ќе ги има на 1 септември Read More »

Учебниците за трето и шесто се во изработка, МОН очекува да стигнат набргу по почетокот на учебната година


Согласно планот за реформа на основното образование кој се спроведува етапно, годинава комплетно нови учебници треба да има за трето и шесто одделение, за што се изработени нови наставни програми од Бирото за развој на образованието (БРО),  доставени во декември 2022 за трето и во април 2023 за шесто одделение.  -Со учебниците за трето сме …

Учебниците за трето и шесто се во изработка, МОН очекува да стигнат набргу по почетокот на учебната година Read More »