Директорот на БРО не се чувствува одговорен за доцнењето на учебниците, за 1 септември мислат дека ќе бидат подготвени


Се прават сите подготовки на 1рви септември навремено да бидат доставени учебниците, истакна денеска министерот за озбразование и наука, Јетон Шаќири. На новинарско прашање, зошто се доцни со изготвување на програмите за шесто одделение, Шаќири рече дека наставните програми за шесто одделение се доставени навреме во март до МОН, некои од предметите и во април. …

Директорот на БРО не се чувствува одговорен за доцнењето на учебниците, за 1 септември мислат дека ќе бидат подготвени Read More »

„Учебници и настава мора да има” повикува да се реши безбедносната состојба во училиштата


Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има” испратила барање до Министерството за образование и наука да ја реши безбедносната состојба во училиштата, како што информира, „со временска рамка од 15 дена“. – Ние, родителите, веќе три години се бориме со образовните проблеми и денес повторно се спротивставуваме на насоката од МОН доколку има дојави …

„Учебници и настава мора да има” повикува да се реши безбедносната состојба во училиштата Read More »

МОН: нема потреба од петиција за поправање на грешките во учебниците


Министерството за образование и наука цени дека неосновано се повикуваат родителите на ученици од основните училишта во општина Тетово да потпишат петиција до МОН со која се бара обезбедување на учебници и корекција на содржински забелешки во истите најдоцна до 28 февруари. Не би сакале да веруваме дека се работи за иницијатива на политички центар …

МОН: нема потреба од петиција за поправање на грешките во учебниците Read More »

Шаќири: Идната учебна година ќе нема доцнење на учебници, но за шесто одделение уште нема повик за автори


Повеќе од 90 отсто од учебниците се доставени за прво, второ, четврто и петто – одделенијата во кои децата учат според нови наставни програми согласно со Концепцијата за основно образование од 2020 година, рече денеска министерот Јетон Шаќири и соопшти дека деновиве се доставуваат и последните учебници што недостигаа. Идната година со нови наставни програми, …

Шаќири: Идната учебна година ќе нема доцнење на учебници, но за шесто одделение уште нема повик за автори Read More »

Учебници нема, а МОН спрема нов закон за учебници


Со цел  подигнување на квалитетот на  содржината на учебниците  како и подобрување на процесот на откуп и одобрување на учебници во основното и средното образование Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов  Закон за учебници за основното и средното образование. Почитувајќи ги принципите на транспарентност и инклузивно креирање политики и законски …

Учебници нема, а МОН спрема нов закон за учебници Read More »

МОН: Ќе се формира комисија, ќе предложи корекции или нов учебник по историја и општество за петто одделение


 Ќе се формира комисија што ќе предложи корекции на постојниoт или изработка на нов учебник по историја и општество за петто одделение, информираа попладнево од Министерството за образование и наука. – Како резултат на увидените грешки во учебникот по историја и општество за петто одделение, целосно оправданите реакции на јавноста и согласно дописот од Здружението …

МОН: Ќе се формира комисија, ќе предложи корекции или нов учебник по историја и општество за петто одделение Read More »

Финците, Унгарците, Турците се жолта раса: Во учебниците од кои учат нашите деца препишани текстови од Википедија


Нема крај на грешките во учебниците. Ако петтоодделенците учат дека Монт Еверест е висок 29.000 метри, а Македонија на запад граничи со Бугарија, осмоодделенците учат дека Финците, Унгарците и Турците се жолта раса, пишува Фактор.мк. Откако до редакцијата на Фактор стигнаа низа реакции од родители кои велат дека ова е сосема погрешно, порталот разговараше со наставничка по географија, …

Финците, Унгарците, Турците се жолта раса: Во учебниците од кои учат нашите деца препишани текстови од Википедија Read More »

НАкС: Законот за високо образование сè уште не ги испорачува потребните промени во образовниот систем


Голем број неажурирани подзаконски акти, недоволна имплементација, нефункционални работни тела, ова се само дел од истакнатите проблеми на денешната отворена дискусија на тема Законот за високо образование, искуства од примената и потреба од промени, во организација на Независниот академски синдикат (НАкС) во Кинотека во Скопје. Неда Здравова која е редовна професорка на Правен факултет Јусинијан …

НАкС: Законот за високо образование сè уште не ги испорачува потребните промени во образовниот систем Read More »

Уште една крупна грешка во учебниците – згрешено знамето на Португалија


  Новите учебници што ги испечати Министерството за образование и речиси пред полугодие ги подели на учениците, предизвикаа потсмев кај јавноста, поради бројните грешки во нив. Грешките воопшто не се наивни или лекторско-коректорски, туку фактички. Па откако „научивме“ дека Монт Еверест е висок 29 километри и дека Албанија на Македонија ѝ е источен, а Бугарија …

Уште една крупна грешка во учебниците – згрешено знамето на Португалија Read More »

МОН: Досега се дистрибуирани над 90 отсто од учебниците, испораката продолжува


Министерството за образование и наука информира дека дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно однапред утврдената динамика. Во тек е испораката на учебници согласно последниот од вкупно четврто потпишани договори за учебници за прво, второ, четврто и петто одделение и таа ќе се заокружи …

МОН: Досега се дистрибуирани над 90 отсто од учебниците, испораката продолжува Read More »

МОН објави конкурс за автори за изработка на учебници за трето одделение за учебната 2023-2024


Министерството за образование и наука соопшти дека продолжува процесот на изработка на нови учебници и наставни материјали за учениците од основното образование, кое се реформира согласно среднорочен акциски план на МОН и другите надлежни институции и засегнати страни. – Објавен повик за автори за поднесување предлог учебници за наставните предмети во трето одделение за учебната …

МОН објави конкурс за автори за изработка на учебници за трето одделение за учебната 2023-2024 Read More »

МОН: Не правете копии на учебниците, бесплатно ќе добие секој ученик


Министерството за образование и наука информира дека испораката на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно утврдената динамика. Веќе е завршена испораката на учебниците по првиот договор за печатење, што ги опфаќа учебниците за четврто одделение по македонски јазик и по математика, на македонски наставен јазик и учебниците …

МОН: Не правете копии на учебниците, бесплатно ќе добие секој ученик Read More »

Почна дистрибуцијата на новите учебници за основно образование


Министерството за образование и наука информира дека во текот на вчерашниот ден започна испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. До крајот на овој месец ќе биде завршена дистрибуцијата на 70% од учебниците за овие одделенија. Станува збор за целосно нови учебници, изработени согласно новите наставни програми и …

Почна дистрибуцијата на новите учебници за основно образование Read More »

Од утре испорака на новите учебници – за две недели ќе ги добијат сите


Поминаа два и пол месеци од почетокот на првото полугодие од учебната година, но наставата се одвива во услови на недостиг на учебници. Како решение, учениците фотокопираат наставни материјали или учат од оштетени книги. Министерот за образование, Јетон Шаќири за ТВ21 изјави дека учебниците се готови и дека од утре ќе им бидат достапни на …

Од утре испорака на новите учебници – за две недели ќе ги добијат сите Read More »

МОН: Почна печатењето на новите учебници, испораката во ноември


Започна печатењето на учебниците за основно образование кои се нови и оваа учебна година за првпат ќе се употребуваат. Приоритет во процесот на печатење имаат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение, кои низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени, а нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно …

МОН: Почна печатењето на новите учебници, испораката во ноември Read More »

Педагошката служба досега одобри 73 учебници за средно стручно образование


Обезбедувањето квалитетни учебници е дел од темелната реформа на националниот образовен систем, унапредувањето на наставните содржини и модернизација на наставата. Материјалите од кои учениците учат се директно поврзани со наставните програми, постигнувањето на планираните резултати од учењето и стекнувањето на потребни компетенции. Министерството за образование и наука информира дека Педагошката служба досега одобри 73 учебници …

Педагошката служба досега одобри 73 учебници за средно стручно образование Read More »

Шаќири упорно ветува учебници до крај на октомври или ноември


Во текот на октомври или почетокот на ноември ќе бидат готови учебниците, најави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Министерот, посочи дека во најбрзо можно време ќе почнат со печатење на учебниците за тие кои се одобрени од Националниот совет. – Некои учебници на друга седница ќе се одобрат од Националниот совет. И …

Шаќири упорно ветува учебници до крај на октомври или ноември Read More »

Шаќири: Во октомври и ноември ќе завршат сите процеси за учебниците од основно и средно образование


Очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници за основно и средно образование, да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој во изјава за медиумите во Битола предочи дека проблемот со учебниците е од порано и не само во оваа …

Шаќири: Во октомври и ноември ќе завршат сите процеси за учебниците од основно и средно образование Read More »

Шаќири: Учебниците ќе бидат готови во текот на првото полугодие


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири верува дека во текот на првото полугодие ќе бидат готови учебниците кои недостасуваат. – Верувам дека во првото полугодие ќе имаме учебници. Со почетокот на новата Концепција за основно образование се изготвени и нови програми коишто се однесуваат на прво, второ, четврто и петто одделение. После основањето на …

Шаќири: Учебниците ќе бидат готови во текот на првото полугодие Read More »

Учениците без учебници, а министерот Шаќири оди на Самит во Њујорк за трансформација на образованието


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот за трансформација на образованието, што од 16 до 19 септември ќе се одржи во Њујорк, САД. Самитот, свикан од генералниот секретар на Обединетите Нации, има за цел да мобилизира на глобална политичка акција, барање решенија и покажување солидарност во пост-пандемискиот период, насочени кон подобрување …

Учениците без учебници, а министерот Шаќири оди на Самит во Њујорк за трансформација на образованието Read More »