МОН: Досега се дистрибуирани над 90 отсто од учебниците, испораката продолжува


Министерството за образование и наука информира дека дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно однапред утврдената динамика.

Во тек е испораката на учебници согласно последниот од вкупно четврто потпишани договори за учебници за прво, второ, четврто и петто одделение и таа ќе се заокружи во следните денови. Над 90 отсто од учебниците се испорачани, односно околу 235 илјади учебници се веќе предадени на учениците од овие одделенија.

До крајот на првото полугодие ќе бидат дистрибуирани сите учебници.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува сите одобрени учебници пред завршување на учебната година да се достават кај учениците.

– Учебниците кои што имаат забелешки од Бирото, од рецензентите, од Националниот совет, од другите тела, како што ќе завршат и тие ќе се доставуваат. Очекувам процесот на дистрибуција да даде добри позитивни резултати до крајот на оваа учебна година. Околу 230 илјади учебници се доставени кај учениците остануваат да се достават околу 90 илјади, рече Шаќири на денешната прес-конференција во Владата по повод претставувањето на Предлог-буџетот за 2023 година за МОН.

Одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува одговорност да поднесе оставка затоа што две недели пред крајот на првото полугодие голем дел од учениците останаа без учебници, Шаќири рече дека ќе почувствуваше одговорност ако тоа што го има предвидено за наредната учебна година 2023/2024 година сите постапки зависеле од министерот за образование и наука.

– Да, ќе почуствував одговорност ако тоа што го имам предвидено за наредната учебна година 2023/2024 година сите постапки ќе зависеа од министерот за образование и наука. Вие знаете дека јас дојдов на функцијата министер во јануари, каде што неколку работи беа предвидени однапред. Што значи дека Предлог- буџетот беше донесен од претходната година. Но, исто така за да биде добар примерот на тоа за да почуствувам одговорност, јас го најавив и веќе е објавено огласот за автори за новиот концепт за учебници за трето одделение. Откако дојдов во Министерството се формира националната комисија како орган што треба да добавува учебници. Дојдоа програмите од Бирото за развој на образование во месец февруари и март. Сите постапки во овој период од страна на министерот и од кабинетот на министерот се направени максимално во сите временски рокови. Во период од месец февруари до септември и октомври веќе имаме повеќе од 80 одобрени наслови за основно и средно образование, рече Шаќири.

Што се однесува до учебниците, дополни, знаете дека не целосно точно тоа дека од 1-ви септември недостасуваат учебници. Имавме подготвителни материјали кои беа подготвени според принципот на подготвителни материјали кои од претходната година беа подготвени од страна на Бирото и на 1-ви септември беа доставени пред сите ученици. За наредната учебна година ќе почувствувам одговорност и сум сигурен дека учбниците ќе бидат не на 1-ви септември и пред 1-ви септември пред учениците. Подготвителните материјали се подготвени според учебната програма. Прво, второ и трето одделение ќе треба да имаат печатени книги, а Концептот на дигитализација продолжува од четврто и натака, рече тој.

На новинарско прашање што ќе преземе МОН во врска со случаите со булинг во учулиштата, министерот истакна дека сите во општеството треба да преземеме активности во овој процес.

– Освен МОН, ние сите заедно можеме да преземеме активности во овој процес. Дел од секторот што е педагошка служба кај нас. Без разлика на случаите, сме имале координација и комуникација со директорите и со дел од педагошките служби при сите основни и средни училишта . Во тие комуникации што сме ги имале сме побарале дека во овој процес секој може да го даде својот придонес за да не се случуваат овие случаи, рече тој.

Пораките што треба да ги испратиме, како што потенцира, е да ставиме крај на булингот и сите други дискриминации кои ни се случуваат, заради тоа што, како што рече, ние на овој свет доаѓаме исто и сте сме изедначени, да нема разлика помеѓу едните или другите.