Уште една крупна грешка во учебниците – згрешено знамето на Португалија


 

Новите учебници што ги испечати Министерството за образование и речиси пред полугодие ги подели на учениците, предизвикаа потсмев кај јавноста, поради бројните грешки во нив.

Грешките воопшто не се наивни или лекторско-коректорски, туку фактички. Па откако „научивме“ дека Монт Еверест е висок 29 километри и дека Албанија на Македонија ѝ е источен, а Бугарија западен сосед, забележана е уште една грешка.

Станува збор за лекција во која се опишува Португалија. Текстот е точен, но во левиот горен агол на страницата се забележува знаме, кое според авторот на овој учебник, треба да биде знамето на Португалија.

Еве го знамето во учебникот:

Сепак, ако деновиве имаме можност да уживаме во Мундијалот, каде знамиња се веат повеќе од два часа, лесно се забележува дека боите на ова знаме не соодветствуваат на дресот на Роналдо?!

Знамето во учебникот е она на Шпанија, а стои со текст за Португалија.

Колку и дасакаме да не бидеме саркастични, сѐ што може да помислиме по ваквата грешка е дека учениците ги подготвуваат за работа во владиниот протокол, каде пак, замена на знамињата на некои држави, кога ни доаѓа гостин од таму се случуваат често.

Вака изгледа знамето на Португалија: