Објавен нов конкурс за издавање учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование


Фото: Б. Грданоски

Објавен е нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование, за повеќе струки – геолошка, рударска, металуршка, градежно – геодетска, графичка, економско – правна, трговска, електротехничка, здравствена, земјоделско – ветеринарна, лично услуги, машинска, сообраќајна, текстилно – кожарска, угостителско – туристичка, шумарско – дрвопреработувачка и хемиско – технолошка струка, информира Министерството за образование и наука (МОН).

Како што посочуваат од МОН, право на учество на конкурсот имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.

-Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и истиот треба да биде изработен според наставниот план и програми за соодветната година, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование, велат од МОН и додаваат дека крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 25.7.2022 година.

Повеќе детали околу сите дополнителни услови, критериуми, потребната документација и начинот на достава може да се обезбедат на следниот линк: https://mon.gov.mk/content/?id=4626