Договорот за името следната седмица во парламент, утре средба Димитров – Иванов


Договорот за надминување на спорот за името што го постигнале премиерите на Македонија и на Грција се очекува веќе следната седница да се најде на дневен ред во парламентот. Пратениците треба да се изјаснат за ратификација на договорот меѓу владите на Македонија и на Грција, по што законот за ратификација би бил испратен кај претседателот …

Договорот за името следната седмица во парламент, утре средба Димитров – Иванов Read More »

Заев во 18.30 ќе објави што договорил со Ципрас


Премиерот Зоран Заев, заедно со сите членови на неговиот кабинет, ќе ѝ се обрати на јавноста во 18.30 за да информира за договорот околу надминување на спорот со името. Прес-конференцијата во Владата е закажана по денешниот телефонски разговор Заев – Ципрас, од кој се очекуваше премиерите на Македонија и на Грција да го заокружат договорот …

Заев во 18.30 ќе објави што договорил со Ципрас Read More »

Ципрас тргна да го информира грчкиот претседател за договорот со Заев


Грчкиот премиер Алексис Ципрас предмалку се упати кон претседателската резиденција во Атина за да го информира грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за денешниот телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев. На прашање од грчките новинари дали има договор за името, Ципрас рече: „За што друго би одел сега да го информирам претседателот“.

Заев се надева на договор денеска


Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува во денешниот телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас да бидат заокружени сите апекти и да биде постигнат договор за долгогодишниот спор за името. – Вчера имавме навистина квалитетно унапредување на разговорите. Се надевам дека денеска ќе можеме нешто убаво да ѝ соопштиме на јавноста. Реков дека сум …

Заев се надева на договор денеска Read More »

Иванов: Несериозно е да се решава за името по телефон


„Очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално референдумско изјаснување“. Вака претседателот Ѓорге Иванов ја оценува вчерашната изјава на претседателот на Владата Зоран Заев, во емисијата „Топ тема“, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО и …

Иванов: Несериозно е да се решава за името по телефон Read More »

Коѕиас: Заев и Ципрас ќе си телефонираат денеска


Денеска ќе се реализира разговорот меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Ова го соопшти шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, по денешната вонредна средба со премиерот Ципрас. Телефонскиот разговор меѓу двајацата премиери се одложува веќе извесно време, иако тој чин беше најавен како клучен за договорот меѓу нашата земја …

Коѕиас: Заев и Ципрас ќе си телефонираат денеска Read More »

Османи за името: Ова се последни метри на 25-годишниот маратон


Наредните часови ќе бидат клучни за резултатот преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот околу името, но прерано е се уште да се каже каков ќе биде исходот, изјави денеска вицепремиерот а еворпски прашања Бујар Османи. – Сметам дека ова се последните метри на еден 25 годишен маратон. Обично последните метри се најкритични …

Османи за името: Ова се последни метри на 25-годишниот маратон Read More »

МНР: Квалитетот на договорот за името е поважен од роковите


Не треба да се брза со текстот на договорот за името, бидејќи квалитетот нарешението е поважен од тоа во кој рок ќе финишира процесот. Со ваков став излезе предмалку македонското Министерство за надворешни работи. Оттаму нагласуваат дека ова е деликатен момент во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Македонија и Грција,кои постигнале добри …

МНР: Квалитетот на договорот за името е поважен од роковите Read More »

Нов пресврт во преговорите : Два чекори напред, еден назад за името


Телефонот во премиерскиот кабинет на „Илинденска“ не заѕвони до вчера доцна попладнето, додека во Скопје и во Атина се одбројуваа последните часови пред „историскиот разговор“ меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас. Двајцата премиери  потоа требаше да ѝ соопштат на јавноста дека постигнале договор за долгогодишниот спор за името. Но, додека Заев, на годишнината од преземањето …

Нов пресврт во преговорите : Два чекори напред, еден назад за името Read More »

Вето за името не е исто како ветото за јазиците


Претседателот Ѓорге Иванов се огласи вчера со ново барање до премиерот  Зоран Заев, при што го повтори и својот став дека не прифаќа решение за името за севкупна употреба. Иванов бара да му биде доставен предлогот за водење преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во преговорите. „Во недостиг на …

Вето за името не е исто како ветото за јазиците Read More »

Македонската работна група за името се вратила од Атина


Членовите во македонската работна група кои беа во Атина за со претставници на грчкото Министерство за надворешни работи да ја допрецизираат нацрт-спогодбата од Брисел, според неофицијални информаци, се вратиле во Скопје. Македонската работна група беше во Атина за со грчкиот тим да ги уредат деталите од рамката што ја договорија министрите за надворешни работи на …

Македонската работна група за името се вратила од Атина Read More »

Скопје и Атина се оддалечуваат од брз договор за името


Македонија и Грција се оддалечуват од можноста за договор за името во наредните денови, дознава „Независен весник“ од владини извори од Атина. Иако македонскиот премиер Зоран Заев го определи денешниот ден како последен за неговиот клучен разговор со грчкиот колега Алексис Ципрас, владини извори велат дека најверојатно и таа комуникација нема да се реализира во …

Скопје и Атина се оддалечуваат од брз договор за името Read More »

СДСМ и партнерите ќе застанат зад Заев за името


Временската одредница „илинденска“ веројатно нема да биде составен дел од новото име на државата. Затоа, пак, на улица „Илинденска“ број 2 во Скопје, премиерот Зоран Заев ѝ објави вчера на јавноста дека преговорите со Грција се во фотофиниш, иако, како што рече, сѐ уште нема конечно решение. Ако компромисот за името биде финализиран во наредните …

СДСМ и партнерите ќе застанат зад Заев за името Read More »

По „проветрувањето“ на владата, на ред се директорите


Незадоволство од работата на одредени директори на јавни и државни претпријатија, како и од некои градоначалници, било искажано на синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ, според информации од партиски извори. Партискиот лидер Зоран Заев, наводно, рекол дека меѓу градоначалниците имало такви кои не работат како што треба и не „фермаат“ ништо. На тоа, според …

По „проветрувањето“ на владата, на ред се директорите Read More »

Врвот на СДСМ ќе расправа утре за планот за името


Централниот одбор на СДСМ, според наши информации, ќе се собере утре на седница, на која се очекува партискиот лидер и премиер Зоран Заев да ги информира сопартијците за најновиот развој на настаните околу преговорите за името, што се очекува да финишираат деновиве со решение за долгогодишниот проблем. Со оглед на проценките дека кај раководството, како …

Врвот на СДСМ ќе расправа утре за планот за името Read More »

Дипломатски спринт за името: На повидок решение за спорот


Се наѕира финале на разговорите меѓу Македонија и Грција за надминување на проблемот со името. Очекувањата во владини кругови во Скопје се дека процесот, кој се интензивираше во последните неколку месеци, ќе финишира со договор. Клучен момент за тоа е претстојниот разговор меѓу премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас, од кој, според …

Дипломатски спринт за името: На повидок решение за спорот Read More »

Исход од преговорите за името кон средината на оваа недела


Конечниот исход од оваа фаза од преговорите за името се очекува да биде познат кон средината на оваа недела, најавува за „Независен весник“ висок владин функционер. Тој го најавува како клучен момент за исходот од преговорите за името разговорот што претстои меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Од разговорите …

Исход од преговорите за името кон средината на оваа недела Read More »

Катимерини: На масата е уште едно име поврзано со Крушево и илинденскиот период


Грчкиот весник Катимерини , повикувајќи се на добро информирани извори, пишува дека на преговарачка маса, освен четирите предлози на медијаторот Метју Нимиц се наоѓа уште едно име, кое се уште не е објавено во јавноста, а се поврзува со Крушево и илинденскиот период. Грчкиот весник вели дека новото име ќе го рефлектира словенското потекло на земјата, …

Катимерини: На масата е уште едно име поврзано со Крушево и илинденскиот период Read More »

Нова демократија: Дали „Илинденска Македонија“ е се уште на маса


Атина- Молкот од грчкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот е сѐ уште на преговарачката маса, смета потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија,  Костис Хаѕидакис. Тој вели дека партијата, преку нејзиниот претседател Мицотакис, вчера два пати од грчкиот парламент побарала од премиерот да разјасни …

Нова демократија: Дали „Илинденска Македонија“ е се уште на маса Read More »

Почна одлучувачката средба за името во Њујорк


Почна средбата меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас – во зградата на Обединетите нации во Њујорк. На средбата, која следува откако грчката страна го одби предлогот за „Република Илинденска Македонија“, присуствува и медијаторот на ОН Метју Нимиц.  Во пресрет на новата средба, двајцата министри имаа одвоени средби …

Почна одлучувачката средба за името во Њујорк Read More »