Коѕиас: Заев и Ципрас ќе си телефонираат денеска


Денеска ќе се реализира разговорот меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Ова го соопшти шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, по денешната вонредна средба со премиерот Ципрас.

Телефонскиот разговор меѓу двајацата премиери се одложува веќе извесно време, иако тој чин беше најавен како клучен за договорот меѓу нашата земја и Грција околу проблемот со името, а пред самитот на Европскиот совет во Брисел на крајот на овој месец.