Македонската работна група за името се вратила од Атина


Членовите во македонската работна група кои беа во Атина за со претставници на грчкото Министерство за надворешни работи да ја допрецизираат нацрт-спогодбата од Брисел, според неофицијални информаци, се вратиле во Скопје.

Македонската работна група беше во Атина за со грчкиот тим да ги уредат деталите од рамката што ја договорија министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕиас на средбата во Брисел во почетокот на оваа недела. Според нашите информации, македонскиот тим се вратил дома, ама не се знае дали ја завршил работата во Атина или останале отворени прашања.

Извори од грчката влада јавија денеска дека Скопје и Атина се оддалечуваат од решение за името во следните денови.