Ципрас тргна да го информира грчкиот претседател за договорот со Заев


Грчкиот премиер Алексис Ципрас предмалку се упати кон претседателската резиденција во Атина за да го информира грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за денешниот телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев.

На прашање од грчките новинари дали има договор за името, Ципрас рече: „За што друго би одел сега да го информирам претседателот“.