Почна одлучувачката средба за името во Њујорк


Почна средбата меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас – во зградата на Обединетите нации во Њујорк.

На средбата, која следува откако грчката страна го одби предлогот за „Република Илинденска Македонија“, присуствува и медијаторот на ОН Метју Нимиц.  Во пресрет на новата средба, двајцата министри имаа одвоени средби со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Очекувањата од оваа рунда преговори се големи, со оглед на оптимизмот за можно надминување на спорот за името со кој настапија премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас на нивната минатонеделна средба во Софија.