Евросонг : Тамара горда на сценскиот настап


Тамара во смарагдно зелена драматична тоалета пее, а во позадина, на осум огледала како холограми и ја гледаме позадината на тоалетата, дизајн на македонскиот креатор Александар Ношпал кој ја придружува во Тел Авив. Нашата евровизиска претставничка е горда на сценскиот настап кој има динамична кореографија, подготвен со тим од Шведска. На првата проба во „Експо …

Евросонг : Тамара горда на сценскиот настап Read More »

Ношпал од Тел Авив: Зелената тоалета на Тамара е долга 12 метри


Поп-ѕвездата Тамара вчера блесна во тоалета во смарагдно зелена боја на првата проба пред настапот во полуфиналето на Евросонг на 16 мај во Тел Авив, Израел. Во македонскиот евровизиски тим во Tел Авив се наоѓа и дизајнерот Александар Ношпал кој два месеци го осмислуваше изгледот на поп-ѕвездата на престижниот музички настан. -Тоалетите за Тамара за …

Ношпал од Тел Авив: Зелената тоалета на Тамара е долга 12 метри Read More »

Прва проба на Тамара на Евросонг


Нашата евровизиска претставничка Тамара денес ќе ја има првата проба (и уште две, пред полуфиналето на 16 мај) со песната „Proud“ на сцената на центарот „Експо Тел Авив“  во Тел Авив. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска. -И покрај заканите што ги добива „Евросонг“, во Тел Авив се чувствувам најбезбедно. Кога …

Прва проба на Тамара на Евросонг Read More »

Ретро или модерно: Што ќе облече Тамара на Евросонг?


Тамара како кралица или како откачена дама? Дали ќе не зборат во Тел Авив по моќната балада „Горда“ или и по изгледот? Дизајнерот Александар Ношпал и евровизискиот тим до првата проба утре во „Експо центарот“ не го откриваат изгледот на нашата евровизиска претставничка која сепак ќе биде уникатна и на отварањето, на полуфиналето на 16 …

Ретро или модерно: Што ќе облече Тамара на Евросонг? Read More »

Тамара заминува на Евросонг: Ќе славиме во Скопје


Опуштена, полна со енергија, и со вита линија заминува утре наутро Тамара на Евросонг во Тел Авив, Израел, каде ќе ги брани боите на Северна Македонија. На денешниот официјален прес на евровизискиот тим на поп-ѕвездата среќа и посакаа фановите, колегите и новинарите, со сино вино, колачи и маици „Proud“ каков што е насловот на нејзината …

Тамара заминува на Евросонг: Ќе славиме во Скопје Read More »

Исламски џихад се закани: Ќе го спречиме одржувањето на Евросонг


Израел – Палестинското движење Исламски џихад од Појасот Газа денеска се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за Песна на Евровизија, кој почнува за 10 дена во Израел, јави „Тајмс оф Израел“. Учесниците денеска почнаа да пристигнуваат за натпреварот, кој ќе се одржи од 14 до 18 мај. Се очекува манифестацијата да привлече илјадници туристи …

Исламски џихад се закани: Ќе го спречиме одржувањето на Евросонг Read More »

Предевровизиска дружба со Тамара


Пред заминувањето на македонската делегација на Евросонг во Тел Авив, в понеделник (6 мај) во Скопје, в недела, е закажано предевровизиско дружење со Тамара. Нашата евровизиска претставничка в вторник ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на сцената на „Експо центарот“ во Тел Авив. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска. …

Предевровизиска дружба со Тамара Read More »

Роденден пред Евросонг: Хана на Тамара наполни 3 години


Хана, ќерката на поп-ѕвездата и евровизиска претставничка Тамара Тодевска наполни три години. Тодевска често на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа од Хана,  а таа учествува и во спотот за евровизиската песна. Мама Тамара преку социјалните мрежи и го честиташе роденденот. „3 години среќа, радост, љубов. Среќен роденден Хана моја, те сака мама највише на …

Роденден пред Евросонг: Хана на Тамара наполни 3 години Read More »

Ексклузивно: Тамара во смарагдно зелена боја на Евросонг


Поп-ѕвездата Тамара ќе блесне во смарагдно зелена боја на настапот во полуфиналето на Евросонг на 16 мај во Тел Авив, Израел, дознава ексклузивно „Независен весник“.  Не се откриваат други детали за евровизискиот аутфит. Претходно, македонскиот дизајнер Александaр Ношпал, кој е задолжен за стајлингот на македонската евровизиска претставничка, ни изјави ексклузивно дека Тамара во Тел Авив …

Ексклузивно: Тамара во смарагдно зелена боја на Евросонг Read More »

Тијана нема да патува на Евросонг : Ќе ја чувам ќерката на Тамара


Тијана нема да ја придружува сестра си Тамара на годинешниот „Евросонг“ кој ќе се одржи од 14-18 мај во Тел Авив, Израел. Пејачката со кариера во Белград не е ниту меѓу вокалите кои ќе ја придружуваат Тамара на сцена, ниту ќе и биде поддршка од зад сцена. – Тамара многу те сакам. И многу сум …

Тијана нема да патува на Евросонг : Ќе ја чувам ќерката на Тамара Read More »

Мадона потврди: Ќе пеам на Евросонг


Израел– Поп-ѕвездата Мадона потврди за „Варајати“ дека ќе настапи на Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел. Пејачката ќе настапи со две песни-едната од репертоарот, а втората нова-на финалето на 18 мај. Канадско-израелскиот милијардер Силван Адамс и го финансира настапот. Мадона ќе пристигне на Евросонг, четири дена пред финалето, со екипа од 60 луѓе. Ѕвездата претходно …

Мадона потврди: Ќе пеам на Евросонг Read More »

Евросонг 2019: Тамара настапува под реден број 17


Тамара Тодевска ќе настапи под реден број 17 во второто полуфинале на 16 мај на Евросонг во Тел Авив. Во групата се и Ерменија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Летонија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија и Азербејџан. Во првото полуфинале на 14 мај се: Кипар, Црна Гора, Финска, Полска, Словенија, Чешка, …

Евросонг 2019: Тамара настапува под реден број 17 Read More »

Тамара со разгледница од Израел: Овде е лудо!


Забавно, напорно и професионално. Вака македонската претставничка на Евросонг Тамара ексклузивно за „Независен весник“ го опишува снимањето на евровизиската разгледница во близина на Тел Авив. Таа се снима на неколку локации, меѓу нив и шумата Кармел. Тамара е расположена, и во завидна физичка кондиција иако во прв план е чувањето на гласот зашто интерпретацијата на …

Тамара со разгледница од Израел: Овде е лудо! Read More »

Топ-модел на Евросонг: Тамара ќе се види со Бар Рефаели


Израел- Македонската евровизиска претставничка Тамара во Тел Авив ќе се види со годинешната водителка на Евросонг 2019, израелскиот топ-модел со светска кариера Бар Рефаели (33), позната по фотосесиите за „Спортс илустрејтед“ и врската со Леонардо ди Каприо, дознава „Независен весник“. Македонска делегација престојува три дена во израелската престолнина заради промотивни евровизиски активности и снимање на …

Топ-модел на Евросонг: Тамара ќе се види со Бар Рефаели Read More »

Евросонг 2019: Тамара со прва проба на 7 мај


Македонската евровизиска претставничка Тамара Тодевска на 7 мај ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на Евросонг во Тел Авив, Израел, дознава „Независен весник“. Македонската делегација ќе отпатува на престижниот музички настан еден ден претходно. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска, а за стајлингот на Тамара ќе се погрижи дизајнерот …

Евросонг 2019: Тамара со прва проба на 7 мај Read More »

Тамара за „Независен“: Го живеам врвот на својот живот


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска (33) е актуелна како македонски претставник на „Евросонг“ кој се одржува од 14 до 18 мај во Тел Авив, Израел. Евровизиската „Горда“ (Proud) стана омилена во македонската јавност, но и спотот, пак со ќерка ѝ Хана, во кој гостуваат повеќе силни жени, нејзини пријателки и соработнички, исто така, собира само позитивни коментари. …

Тамара за „Независен“: Го живеам врвот на својот живот Read More »

Ношпал за „Независен“ : Тамара ќе биде едноставна на Евросонг во Тел Авив


Македонскиот дизајнер Александар Ношпал (46) ќе биде задолжен за стајлингот на Тамара за настапот во полуфиналето на Евросонг на 16 мај во Тел Авив, Израел, дознава ексклузивно „Независен весник“. Заедно со тимот од Шведска, кој работи на настапот, се осмислува и гардеробата на Тамара. Со 27 години дизајнерски стаж зад себе и импресивна биографија дома …

Ношпал за „Независен“ : Тамара ќе биде едноставна на Евросонг во Тел Авив Read More »

(Видео) Емотивен спот на Тамара за Евросонг 2019: Жената во фокусот


Актерки, манекенки и  дами од културата се дел од евровизискиот спот на Тамара Тодевска за песната  „Горда’ (Proud), кој се промовираше во петокот вечерта на МТВ кој е носител на лиценцата за избор на песна за Евровизија. Тамара симболично го избра Осми март за промоција на спотот и избра повеќе силни жени, нејзини пријателки и …

(Видео) Емотивен спот на Тамара за Евросонг 2019: Жената во фокусот Read More »

Тамара на Евросонг ќе настапува под името Северна Македонија


ЕБУ официјално потврди дека македонската претставничка Тамара Тодевска ќе настапи под името Северна Македонија на претстојниот Евросонг во Тел Авив во мај. Во известувањето се додава и дека на сите места, како што е делот со информацијата за Македонската телевизија, на пример, досегашната референца „ПЈР Македонија“ ќе биде заменета со Северна Македонија. Како звучи темата …

Тамара на Евросонг ќе настапува под името Северна Македонија Read More »

Тамара на Евросонг со песната „„Proud“


Закажана е премиерата на евровизиската песна со која Тамара Тодевска ќе нè претставува во Тел Авив, Израел, а како звучи темата насловена „Proud“ (Горда) ќе дознаеме во петок, во централниот дневник на МТВ во 19,30 часот.  Евровизискиот тим работи на целосно осмислен концепт, како цел пакет што ќе ѝ биде понуден на евровизиската публика. Поп-ѕвездата …

Тамара на Евросонг со песната „„Proud“ Read More »