Топ-модел на Евросонг: Тамара ќе се види со Бар Рефаели

Израел- Македонската евровизиска претставничка Тамара во Тел Авив ќе се види со годинешната водителка на Евросонг 2019, израелскиот топ-модел со светска кариера Бар Рефаели (33), позната по фотосесиите за „Спортс илустрејтед“ и врската со Леонардо ди Каприо, дознава „Независен весник“.

Македонска делегација престојува три дена во израелската престолнина заради промотивни евровизиски активности и снимање на евровизиската разгледница.

Тамара на 7 мај ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на сцената на „Експо центарот“  во Тел Авив. Македонската делегација ќе отпатува на престижниот музички настан еден ден претходно. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска, а за стајлингот на Тамара ќе се погрижи дизајнерот Александар Ношпал.

Тамара на Евросонг 2019 ќе настапува под името Северна Македонија.

Aвтори на евровизиската песна на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров.

Тамара како своја најголема поддршка ја има и другарка ѝ Катарина Ивановска, македонски топ-модел со светска кариера, така што светската модна сцена не и е непозната.

Бар Рефаели, која денес е мажена и има две деца, е адут на Израел како домаќин на Евросонг, а се спомнува и Мадона како специјална гостинка иако уште не е потврдена информацијата. Таа ќе го води Евросонг заедно со Ерез Тал, Аси Азар и Луси Ајуб. (Л.С.)

 

Бугарија и украина се откажаа од Евросонг 2019

Логото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“. 64 издание ќе има 41 учесник. Бугарија се откажа заради финансии, а потоа и Украина.

Во првото полуфинале на 14 мај ќе настап 17 земји, кои заедно со Франција, Израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во второто полуфинале, на 16 мај, каде сме и ние , ќе учествуваат 18 земји, кои заедно со Германија, Италија и Велика Британија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во финалето, на 18 мај, 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41.