Тијана нема да патува на Евросонг : Ќе ја чувам ќерката на Тамара


Тијана нема да ја придружува сестра си Тамара на годинешниот „Евросонг“ кој ќе се одржи од 14-18 мај во Тел Авив, Израел. Пејачката со кариера во Белград не е ниту меѓу вокалите кои ќе ја придружуваат Тамара на сцена, ниту ќе и биде поддршка од зад сцена.

– Тамара многу те сакам. И многу сум среќна што оваа година ќе бидеш претставник на „Евровизија“, ама сум несреќна што нема да бидам со тебе – откри Тијана во ТВ-шоуто на Драган Б. Костиќ.

Подоцна се огласи Тамара која ја објасни причината за овој, за многумина неочекуван потег.

-Тијана е една од најважните личности во мојот живот и без нејзината љубов и поддршка јас не би била тоа што сум сега. Ќе остане во Белград со ќерка ми Хана. Синот Дарен за време на фестивалот ќе биде во Гевгелија со семејството на мојот сопруг – појасни Тодевска.

Тамара на 7 мај ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на сцената на „Експо центарот“  во Тел Авив. Македонската делегација ќе отпатува на престижниот музички настан еден ден претходно. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска.

Aвтори на евровизиската песна на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров.

Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист.

На Евровизија таа првпат беше како придружен вокал на Тоше Проески, во 2004 година во Истанбул, потоа со Адријан Гаџа и со Врчак во Белград 2008 година ја претставуваше Македонија со песната „Let me love you“, но не се пласира во финалето. Како придружен вокал на Тијана, таа беше и на евровизискиот натпревар во 2014 година во Копенхаген.

Годинашниот евровизиски тим на МРТ го сочинуваат одговорниот уредник на МТВ 1, Анета Андонова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 1, Мери Попова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 2, Авни Ќаили и уредникот на Културната програма на МРА 1, Тони Цифровски.

Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале беше Калиопи во 2012 година.

Израелскиот топ-модел Бар Рефаели, ќе го води Евросонг заедно со Ерез Тал, Аси Азар и Луси Ајуб.

Логото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“.

  1. издание ќе има 41 учесник. Бугарија се откажа заради финансии, а потоа и Украина.

Во првото полуфинале на 14 мај ќе настап 17 земји, кои заедно со Франција, израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во второт полуфинале, на 16 мај, каде сме и ние , ќе учествуваат 18 земји, кои заедно со Германија, Италија и Велика Британија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во финалето, на 18 мај, 26 земји ќе настапат, аќе можат да гласаат сите 41.(Л.С.)