Тамара на Евросонг ќе настапува под името Северна Македонија


ЕБУ официјално потврди дека македонската претставничка Тамара Тодевска ќе настапи под името Северна Македонија на претстојниот Евросонг во Тел Авив во мај.

Во известувањето се додава и дека на сите места, како што е делот со информацијата за Македонската телевизија, на пример, досегашната референца „ПЈР Македонија“ ќе биде заменета со Северна Македонија.

Како звучи темата насловена „Горда“ (Proud) ќе дознаеме вечер, во 19:30 часот во централниот дневник на МТВ.

Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале, беше Калиопи во 2012 година.

Најниската цена за полуфиналињата, изнесува 300 шекели (73 евра) и за тоа е задолжена компанијата Леан – соопшти ЕБУ.

Оние полуксузните места за следење на финалето ќе чинат од 1.150 до 2.000 шекели (260 до 500 евра).

Минатата година картите за Евросонгот во Лисабон, Португалија, чинеа од 35 до 299 евра.

Финалето на Евросонгот во Експо-центарот во Тел Авив, е закажано за 18 мај.

Годинашниот евровизиски тим на МРТ го сочинуваат одговорниот уредник на МТВ 1, Анета Андонова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ1, Мери Попова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 2, Авни Ќаили и уредникот на Културната програма на МРА 1, Тони Цифровски.

Македонија својот евровизиски настап на сцената во Тел Авив ќе го има во рамките на втората полуфинална вечер на 16 мај.