Предевровизиска дружба со Тамара


Пред заминувањето на македонската делегација на Евросонг во Тел Авив, в понеделник (6 мај) во Скопје, в недела, е закажано предевровизиско дружење со Тамара.

Нашата евровизиска претставничка в вторник ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на сцената на „Експо центарот“ во Тел Авив. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска. Aвтори на евровизиската песна на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров. За стајлингот на Тамара ќе се погрижи дизајнерот Александар Ношпал кој откри дека поп-ѕвездата ќе биде со едноставен и уникатен изглед во смарагдно зелена боја, кој се уште се држи во тајност.

Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист. На Евровизија таа првпат беше како придружен вокал на Тоше Проески, во 2004 година во Истанбул, потоа со Адријан Гаџа и со Врчак во Белград 2008 година ја претставуваше Македонија со песната „Let me love you“, но не се пласира во финалето. Како придружен вокал на Тијана, таа беше и на евровизискиот натпревар во 2014 година во Копенхаген.

Годинашниот евровизиски тим на МРТ го сочинуваат одговорниот уредник на МТВ 1, Анета Андонова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 1, Мери Попова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 2, Авни Ќаили и уредникот на Културната програма на МРА 1, Тони Цифровски. Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале беше Калиопи во 2012 година.

Израелскиот топ-модел Бар Рефаели, ќе го води Евросонг заедно со Ерез Тал, Аси Азар и Луси Ајуб.

Логото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“. 64. издание ќе има 41 учесник. Бугарија се откажа заради финансии, а потоа и Украина. Во првото полуфинале на 14 мај ќе настап 17 земји, кои заедно со Франција, израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во второт полуфинале, на 16 мај, каде сме и ние (17 по ред) , ќе учествуваат 18 земји, кои заедно со Германија, Италија и Велика Британија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во финалето, на 18 мај, 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41. (Л.С.)