Мадона потврди: Ќе пеам на Евросонг

Израел– Поп-ѕвездата Мадона потврди за „Варајати“ дека ќе настапи на Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел. Пејачката ќе настапи со две песни-едната од репертоарот, а втората нова-на финалето на 18 мај. Канадско-израелскиот милијардер Силван Адамс и го финансира настапот.

Мадона ќе пристигне на Евросонг, четири дена пред финалето, со екипа од 60 луѓе.

Ѕвездата претходно има настапувано во Тел Авив, во 2012 година, за време на светската турнеја „MDNA“.

Евросонг е престижен музички фестивал кој се одржува од 1956 година. Ги вивна во светот на славните, „АББА“  кои победија во 1974 година со “Waterloo,” и Селин Дион која ја претставуваше Швајцарија во 1988 година со песната “Ne Partez Pas Sans Moi.”

Логото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“.

Израелскиот топ-модел Бар Рефаели, ќе го води Евросонг заедно со Ерез Тал, Аси Азар и Луси Ајуб.

  1. издание ќе има 41 учесник. Бугарија се откажа заради финансии, а потоа и Украина.

Во првото полуфинале на 14 мај ќе настап 17 земји, кои заедно со Франција, израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во второт полуфинале, на 16 мај, каде сме и ние , ќе учествуваат 18 земји, кои заедно со Германија, Италија и Велика Британија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во финалето, на 18 мај, 26 земји ќе настапат, аќе можат да гласаат сите 41.

Нашата претставничка, Тамара Тодевска во околината на Тел Авив, веќе ја сними евровизиската разгледница, а на 7 мај ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на сцената на „Експо центарот“  во Тел Авив. Македонската делегација ќе отпатува на престижниот музички настан еден ден претходно. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска.

Aвтори на евровизиската песна на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров.

Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист.

На Евровизија таа првпат беше како придружен вокал на Тоше Проески, во 2004 година во Истанбул, потоа со Адријан Гаџа и со Врчак во Белград 2008 година ја претставуваше Македонија со песната „Let me love you“, но не се пласира во финалето. Како придружен вокал на Тијана, таа беше и на евровизискиот натпревар во 2014 година во Копенхаген.

Годинашниот евровизиски тим на МРТ го сочинуваат одговорниот уредник на МТВ 1, Анета Андонова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 1, Мери Попова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 2, Авни Ќаили и уредникот на Културната програма на МРА 1, Тони Цифровски.

Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале беше Калиопи во 2012 година. (Л.С.)

loading...