(Видео) Емотивен спот на Тамара за Евросонг 2019: Жената во фокусот


Актерки, манекенки и  дами од културата се дел од евровизискиот спот на Тамара Тодевска за песната  „Горда’ (Proud), кој се промовираше во петокот вечерта на МТВ кој е носител на лиценцата за избор на песна за Евровизија.

Тамара симболично го избра Осми март за промоција на спотот и избра повеќе силни жени, нејзини пријателки и соработнички кои учествуваат во спотот. Тамара во Тел Авив, Израел ќе настапи на 16 мај, во второто полуфинале. Автори на песната се Дарко Димитров, Лазар Цветкоски, Роберт Билбилов и Коста Петров со неговата сопруга Сања Поповска.

Финалето на Евросонгот во Експо центарот во Тел Авив, е закажано за 18 мај.

Годинашниот евровизиски тим на МРТ го сочинуваат одговорниот уредник на МТВ 1, Анета Андонова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ1, Мери Попова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 2, Авни Ќаили и уредникот на Културната програма на МРА 1, Тони Цифровски.