Евросонг 2019: Тамара настапува под реден број 17


Тамара Тодевска ќе настапи под реден број 17 во второто полуфинале на 16 мај на Евросонг во Тел Авив. Во групата се и Ерменија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Летонија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија и Азербејџан.

Во првото полуфинале на 14 мај се: Кипар, Црна Гора, Финска, Полска, Словенија, Чешка, Унгарија, Белорусија, Србија, Белгија, Грузија, Австралија, Исланд, Естонија, Португалија, Грција и на Сан Марино.

Логото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“.

Годинава, Евросонг ќе има 41 учесник. Бугарија се откажа заради финансии, а потоа и Украина.

Во првото полуфинале на 14 мај ќе настап 17 земји, кои заедно со Франција, Израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во второт полуфинале, на 16 мај, каде сме и ние , ќе учествуваат 18 земји, кои заедно со Германија, Италија и Велика Британија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во финалето, на 18 мај, 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41.

Пред главниот настан, во текот на овој месец традиционално се организираат и бројни предевровизиски забави во повеќе европски градови, како што се Лондон, Амстердам, Мадрид, Москва и Рига. Тамара засега нема потврдено ниту едно гостување на некоја од овие забави.

Според моменталните предвидувања во обложувалниците, за Тамара е предвиден влез во финалето, а во целокупната табела се наоѓа на 20. место. Фаворит за победа и понатаму е холандскиот претставник Данкан Лоренс.

Тамара на 7 мај ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на сцената на „Експо центарот“  во Тел Авив. Македонската делегација ќе отпатува на престижниот музички настан еден ден претходно. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска, а за стајлингот на Тамара ќе се погрижи дизајнерот Александар Ношпал.

Тамара на Евросонг 2019 ќе настапува под името Северна Македонија.

Aвтори на евровизиската песна на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров.

Бар Рефаели, која денес е мажена и има две деца, е адут на Израел како домаќин на Евросонг. Таа ќе го води Евросонг заедно со Ерез Тал, Аси Азар и Луси Ајуб. (Л.С.)