Концертот на Дејвид Гета во Скопје е распродаден за помалку од 12 часа
Откако денеска (15.05) беа пуштени 50.000 влезници за концертот на Дејвид Гета во Скопје на 8 септември, од Авалон продукција потврдија дека тој е распродаден.Сите билети се продадени за помалку од 12 часа.
„Ве информираме дека официјално е распродаден целиот капацитет на Арена „Тодор Проески“!
Продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа!
Повеќе од 250.000 луѓе, голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при логирањето и купувањето влезници кај дел од корисниците, земајќи предвид дека побарувачката евидентно го надмина капацитетот и бројот на достапни влезници.
Џенифер Лопез и Дејвид Гета се здружија за песната „Save Me Tonight“
Би сакале да нагласиме дека статистиката покажува дека 93% од влезниците се продадени на корисници од Македонија, додека останатите 7% се продадени на корисници ширум светот.
Се гледаме на 8 септември во Арена „Тодор Проески“!“, се вели во објавата на „Авалон“.
Билетите чинеа 35 денари, симболично за 35-годишнината од независноста на Македонија.