Анкета: Од демократите 79 отсто бараат импичмент за Трамп


Повеќе поддржувачи на Демократската партија на САД бараат импичмент за претседателот Доналд Трамп, дури и ако тоа значи дека ќе им се намалат шансите за победа во Белата куќа во 2020 година, покажуваат резултатите од последната анкета на Ројтерс/Ипсос. Според анкетата, поддршката за импичмент меѓу Американците останува непроменета од минатата недела – 45 проценти. Сепак, […]

Рохани ја повика Турција на воздржаност


Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска апелираше до Турција да покаже воздржаност и да избегне воена акција во северниот дел на Сирија. Истовремено тој им порача на американските сили дека треба да го напуштат регионот. – Турција со право е загрижена за својата јужна граница. Веруваме дека треба да се најде прав начин да се […]

Нобелова награда за хемија за научници за развој на литиум-јонски батерии


Шведска– Нобеловата награда за хемија за 2019 година е доделена на тројца научници за развој на литиум-јонски батерии. Наградата им припадна на Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акира Јошимо. „Литиум-јонските батерии предизвикаа револуција во нашите животи и се користат во се, од мобилни телефони до лаптопи и електрични автомобили“, се вели во образложението на […]

Врие околу Турција


  Иранската армија почна со ненајавени воени вежби во северозападниот дел од државата во близина на границата со Турција, јавија ирански медиуми. Воените вежби се спроведуваат во момент кога турските сили се подготвуваат да навлезат во територијата на Сирија. Според медиумите во Техеран, во вежбите се вклучени единици за брза реакција, мобилни и офанзивни бригади […]

Рации во Германија поради закани за џамии, партии, бегалски центри и медиуми


Во Германија во тек се рации поради електронски пораки испратени од екстремно десничарски групи до џамии, политички партии, медиуми, центри за прием на мигранти, во кои се упатени закани со напади. Рациите се спроведуваат во Баварија и три други германски држави, потврди полицијата, без да даде детали за акцијата. Рациите се иницирани поради 23 мејлови […]

Во Австралија горат 40 пожари


Најмалку 30 куќи изгореа во повеќе од 40 пожари кои без контрола горат во источна Австралија, и кои ги гасат околу 500 пожарникари. Според локалните медиуми, температурите на воздухот денеска се пониски, а на пожарникарите вчера проблем им правел силен ветер. Најмногу е погодено селото Рапвил со 250 жители, од кои повеќето ноќта ја поминале […]

Кина со обвинувања до „Епл“ дека ги помага демонстрантите во Хонг Конг


Кинеските медиуми денеска го обвинија американскиот технолошки гигант „Епл“ дека ги поддржува демонстрантите во Хонг Конг преку апликација за движење низ градот, во услови на зголемен притисок од Кина врз странските компании. Исто така, НБА   и франшизата Хјустон Рокетс се критикувани во Кина за твитањето на комесарот за лига Адам Силвер во кој изрази поддршка […]

Пентагон се обидува да ја одврати Турција од нападот врз дел од Сирија


Пентагон соопшти дека сè уште се обидува да ја одврати Турција од инвазија во североисточна Сирија. САД не ја одобруваат воената операција на Турција во Сирија и нема да ја поддржат, се вели во соопштението на портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман. Хофман истакна дека американскиот министер за одбрана Марк Еспер и генералот Марк Мили, началник […]

Трамп изолиран меѓу републиканците по одлуката за Сирија


Одлуката на претседателот Трамп да ги повлече преостанатите американски трупи од североисточниот дел на Сирија може да ја оживее терористичката група „Исламска држава“ и да ја дестабилизира нестабилната област, соопштија во понеделникот високи официјални претставници на САД, додека високи републиканци во Конгрес луто го прекорија претседателот додека се бори против истрага за импичмент. Трамп нагло […]

(Видео)Претседателот на Еквадор поради протестите се отсели од главниот град


Илјадници Еквадорци денеска протестираа во главниот град Кито, од каде претседателот Ленин Морено го премести својот кабинет поради антивладините протести и судири. Таа 17-милионската јужноамериканска држава е погодена од тешка криза и парализирана од затворањето на јавниот превоз и блокади на патиштата. Во Еквадор насилството трае со денови, а почна минатата недела по одлуката на […]

Гутереш: ОН во најлоша финансика криза во изминатите 10 години


САД – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека ОН се наоѓаат во „најлошата финансиска криза“ за речиси една деценија, бидејќи 64 од 193 земји-членки не ги платиле своите годишни придонеси, вклучително и САД, што обично дава најмногу придонеси. Портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик, рече дека генералниот секретар им пишал на сите членови, велејќи дека […]

Бела куќа: Администрацијата на Трамп нема да соработува со истрагата


САД – Белата куќа го извести Претставничкиот дом на Конгресот дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да соработува во истрагата за отповикување, нарекувајќи ја „нелегитимна“ истрага на демократите. Советникот во Белата куќа Пет Сиполоне напиша во писмото испратено до демократските лидери на Претставничкиот дом дека нивната истрага е покрената „на начин што ја нарушува основната […]

Трамп со провокација ја повика Хилари да се вклучи во претседателската трка


Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика денеска Хилари Клинтон да се вклучи во претседателската трка пред изборите во 2020 година. – Мислам дека нечесната Хилари Клинтон треба да се приклучи и да се обиде да ја украде од ултралевичарката Елизабет Ворен, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека има само еден услов. Тој истакна дека „нечесната […]

Убиен лидерот на Ал Каеда за јужниот дел на Азија


Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда за јужна Азија, Асим Умар е убиен во заедничка авганистанско-американска воена акција, соопштија денеска авганистански безбедносни извори. Би Би Си објави дека Умар, кој бил шеф на Ал Каеда за индискиот субконтинент, е убиен во напад врз талибански позиции во авганистанската провинција Хелманд на 23 септември, соопшти авганистанскиот Национален […]

Преживеа пилотот на урнатиот американски авион Ф-16 во Германија


Пилотот на американскиот борбен ловец Ф-16 Фалкон, што денеска се урна во југозападна Германија, преживеал и минал со мали повреди, јави ДПА. Американскиот борбен авион се урна околу 3 часот попладнево за време на рутински тренажен лет, се наведува на сајтот на авиобазата „Спангдахлем“, во која авионот бил стациониран. -Пилотот безбедно се катапултирал и минал […]

Туск до Џонсон: Ова не е некоја глупава игра


Европската унија ја обвини Велика Британија дека игра „глупава игра на обвинување“ околу Брегзит, откако извор во Даунинг стрит соопшти дека договор за излегувањето на Британија од ЕУ не е можен бидејќи германската канцеларка Ангела Меркел поставила неприфатливи барања. „Борисе Џонсон, на коцка не е победата во некоја глупава игра на обвинување. На коцка е […]

Ердоган на средба со Трамп во Белата куќа на 13 ноември


Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека ќе има средба со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган на 13 ноември во Белата куќа. Трамп ја најави на Твитер посетата на Ердоган, еден ден откако се закани дека ќе ја „уништи турската економија“ доколку Анкара спроведе воени операции во Сирија и доколку направи нешто за што […]

Воен авион се урна во југозападна Германија


Воен авион се урна во непосредна близина на југозападниот германски град Трир, јави ДПА. #8tung Aktuell kommt es wegen eines #Flugzeugabsturz zu einem #Polizei – und #Rettungsdienst #Einsatz im Bereich #Zemmer-Rodt Wir berichten, sobald wir mehr wissen. — Polizei Trier (@PolizeiTrier) October 8, 2019 Набрзо ќе следат најнови информации за авионската несреќа, а за сега […]

Макрон: Франција мора да биде будна спрема исламскиот ектремизам


Франција мора да развие будно општество во борбата против исламистичките милитанти, рече претседателот Емануел Макрон за време на оддавањето почит кон жртвите од терористичкиот напад со нож во седиштето на париската полиција. Макрон рече дека станува збор за национално прашање што треба да обедини. – Самата административна служба и сите државни служби поединечно нема да […]

(ВИДЕО) Mаж украл камион и со него удрил во колона од осум возила 


Нападот со камион, што се случи вчера во Лимбург, западна Германија, се истражува како терористички акт, соопштија германските истражувачи. Инцидентот се случи во Лимбург, кога маж (32), со потекло од Сирија, украл камион, со него удрил во колона од осум возила додека чекале на семафор и притоа повреди осум лица. Мажот е уапсен, а потврдено […]