Уапсени професори во САД – произведувале метамфетамин во факултетска лабораторија

Двајца професори по хемија се уапсени поради наводно производство на метамфетамин во универзитетската лабораторија за хемија во Арканзас.

Полицијата по истрагата на државниот универзитет Хендерсон во Арканзас ги уапсила Тери Батеман и Бредли Роуленд, пренесува хрватскиот портал Индекс.

Професорите се соочуваат со обвинувања за производство на метамфетамин и користење на универзитетските лаборатории во незаконски цели.

Универзитетот соопшти дека двајцата професори се испратени на принуден одмор уште на 11. октомври бидејќи се воочени чудни мириси во лабораторијата. Откако е спроведена полициска истрага, во лабораторијата е приметено зголемено ниво на бензил хлорид.

Државните агенции за бензин хлорид ја идентификуваа како хемикалија која се користи за производство на метамфетамин.