Туск и Пленковиќ за почетокот на преговорите на преговорите со Македонија и Албанија

Европската унија треба повторно да постигне единство околу проширувањето по одлуката на Северна Македонија и Албанија да не им се даде „зелено светло“ за старт на преговорите.

„Недонесувањето на одлуката за Македонија и Албанија е големо разочарување, но нема да престанам да бидам оптимист“, изјави Туск и додаде дека треба да се направи се за повторно да се оствари единство на Унијата околу проширувањето.

Пленковиќ истакна дека позицијата на Хрватска е мошне јасна и дека би било добро и за таа земја и за нивната европска перспектива, но и за стабилноста на целиот југоисток на Европа тие преговори да започнат.

Туск и Пленковиќ не го коментираа директно францускиот предлог, но хрватскиот премиер предупреди дека постојниот механизам веќе е доста тежок.

„Многу добро знаеме дека веќе по постоечката методологија тие преговори се исклучително тешки, стриктни и дека ќе треба доста време да се исполнат сите критериуми“, изјави Пленковиќ.