(ВИДЕО) Судир во Боливија меѓу приврзаниците на Моралес и полицијата


Џанина Ањес е прогласена за привремена претседателка на земјата. По оставката на Ево Моралес избија судири во Боливија меѓу приврзаниците на поранешниот претседател и полицијата.

Во таа прилика полицијата употребила солзавец со цел да ги избрка демонстрантите, пренесува АП. Демонстрантите излегоа на улиците на Ла Паз и Ел Алто, кој се смета за упориште на Моралес, и мавтале со разнобојни домородски знамиња и скандирале „Сега, граѓанска војна“.

„Не сакаме ниту еден диктатор. Оваа жена тргна против нас и затоа сме лути. Ќе се бориме со нашите браќа и сестри до враќањето на Моралес. Тој мора да ја донесе куќата во ред“, изјави една од учесничките на протестот.

Џанина Ањес се прогласи за преодна претседателка на Боливија, и покрај недостатокот на кворум при гласањето на нејзиниот избор, бидејќи пратениците на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес, а кои сочинуваат две третини од Конгресот, го бојкотираа гласањето.

И покрај тоа, таа ја презеде власта наведувајќи дека Уставот не бара задолжително кворум во Конгресот.

Откако се прогласи за претседателка, го именуваше новиот командант на војската кој во вторникот си поднесе оставка.

https://www.facebook.com/rs.sputniknews/videos/2506571822947758/