(ФОТО) Ужасна трагедија во Словачка: Судир на кампион и автобус со ученции, 12 мртви

Најмалку 12 лица се загинати, иако првично беа пријавени повеќе жртви, а 20 се повредени во судир на автобус и камион во Словачка.

Несреќата се случи во близина на градот Нитра, 100 километри источно од Братислава, соопшти полицијата.

Пожарникарите наведуваат дека бројот на жртви и повредени би можел да расте, како и дека камионот бил полн со камења.

Порталот „TVnoviny.sk“ објави дека во автобусот се наоѓале ученици од средно училиште.

Најмалку 20 лица се повредени во несреќата, а Ројтерс повикувајќи се на полицијата, наведува дека неколку лица се заробени во автобусот.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини поради несреќата, која ја нарече „ужасна трагедија“, порано ќе се врати во татковината од посетата на Кипар, каде требаше да биде до утре.

Словачката агенција Таср наведува дека автобусот се превртел и завршил во ров.

На патот, кој е затворен за сообраќај, слетал хеликоптер на спасувачката служба.

На местото на несреќата се упатиле и министерката за внатрешни работи Дениса Сакова, како и началникот на пожарникарната служба и службата за вонредни ситуации и регионалниот шеф на полицијата.