Случај Епстин: Затворските чувари обвинети за лажирање податоци

Двајца затворски чувари чија задача била да го чуваат Епстин во ноќта кога почина обвинети се за лажирање на податоци, јавува ББЦ.

Епстин беше уапсен на 6. јули поради обвинувања за организирање на малолетничка проституција. Обвинителите во обвинувањето наведоа дека десетина малолетни девојчиња ги намамувал во своите луксузни домови во Њујорк и Флорида и им плаќал за сексуални услуги, како и да регрутираат уште девојчиња.

За потсетување, Џефри Епстин, милионер и финансиер, обвинет за сексуално искористување на малолетнички, наводно се убил во затворот во август.