Хонгконг: Демонстрантите сами се запалија со Молотови коктели

Неколку демонстранти во Хонгконг станаа жртви на сопствените таканаречени „бомби од бензин“ кои што планираа да ги фрлат на полициските сили за време на насилните протести.
Вознемирувачките снимки кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат како еден демонстрант самиот се запали со Молотовиот коктел, а неговите пријатели панично се обидуваат да го изгасат огнот.

Молотовите коктели се главното оружје во арсеналот на демонстрантите во Хонгконг кои веќе неколку месеци се пресметуваат со полициските сили, но сепак не секој знае како правилно да ракува со оваа опасна направа.

На друго видео може да се види како еден демонстрант фрла Молотов коктел кон една зграда, но огнот набрзо паѓа врз останатите демонстранти, а слично се случи и на една барикада кога Молотовиот коктел падна токму меѓу демонстрантите.

Градот веќе подолго време го тресат насилни анти-кинески протести кои започнаа со мирни собири пред шест месеци. Портпаролот на полицијата на Хонгконг тврди дека демонстрантите се непријатели на граѓанинот и уништуваат се што е добро во градот, додека пак тие барајќи поголема демократија, обвинуваат дека се жртви на жестока полициска бруталност.

Последниот судир помеѓу демонстрантите и полицијата кој со денови траеше кај Политехничкиот универзитет во Хонгконг заврши со апсење на над 400 луѓе.