(Видео) Животот го загубија 15 лица во судир на возови во Бангладеш
Најмалку 15 лица загинаа, а голем број се повредени, откако два меѓуградски воза се судрија во источен Бангладеш, соопштија денеска полицијата и спасувачите, јави ДПА. Несреќата се случила околу 3 часот утринава, по локлано време, во областа Брахманбарија, на околу 80 километри источно од главниот град Дака, за агенцијата изјави полицискиот службеник Шајмал Канти Дас. […]