Трамп ќе разговара со Ердоган за рускиот систем за одбрана

Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност Роберт О Брајан изјави дека Трамп на состанокот во Белата куќа што ќе се одржи в среда ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговата одлука да купи руски систем за противвоздушна одбрана.

Тој додаде дека САД се „многу вознемирени“ од тоа што Турција го купи рускиот систем С-400 и оти ако Анкара не се откаже од тој систем следуваат американски санкции.