Меркел: И натаму сме на почетокот на пандемијата


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „можеме да бидеме среќни“ со постигнувањата во борбата против корона вирусот. Таа денеска им се заблагодари на граѓаните на Германија и оцени дека контролата над пандемијата е подобра, но истакна дека општеството е сè уште на почетокот на пандемијата. Меркел сè уште не може да потврди дали ќе биде […]

ЕЦДЦ: Затворањето граници не влијае многу за спречување на ширењето на вирусот


Затворањето на границите не придонесува многу во спречувањето на ширењето на епидемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Тие истакнаа дека мерките како што се тестирање на патниците пред поаѓање или мерење на температурата при пристигнување, генерално не се ефикасни. Во извештајот Европскиот центар за превенција и […]

Илјадници заштитни маски завршиле во море близу Сиднеј


Илјадници хируршки маски завршија на плажа во близина на Сиднеј, откако паднаа од карго-брод поради невреме. Голем товарен брод испловил од Кина кон Мелбурн. Поради лошото време, тој морал да го промени курсот и да се упати кон Бризбен. Сепак, поради силното невреме, околу 40 контејнери со стоки паднале во морето, јави Би Би Си.. […]

Антарктикот е единствен континент каде нема позитивен случај на Ковид-19


Додека целиот свет се бори да го спречи ширењето на новиот корона вирус, Антарктикот е единствениот континент што нема ниту еден позитивен случај, што несомнено се должи на неговата географска изолација, но и на брзите одлуки на надлежните. Властите целосно го откажаа туризмот, евакуирани е персоналот кој не е потребен и забранет е контакт помеѓу […]

Јужна Кореја – најголем пораст на заразени во последните 50 дена


Јужна Кореја објави најголем дневен скок на инфекциите од корона вирусот за речиси 50 дена. Откривањето на нови 40 случаи предизвика тревога во земјата во која милиони деца се враќаат на училиште. Сите освен четири случаи потекнуваат од густо населеното метрополитанско подрачје во Сеул, каде што официјалните лица се обидоа да спречат преноси поврзани со […]

Трамп се израдува што магазинот „Атлантик“ отпушта новинари


Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави намалувањето на вработените во „Атлантик“, едно од најстарите и најпознатите списанија во САД: „Одлична вест: здодевното, но многу гадното списание, ‘Атлантик’, брзо пропаѓа, се спушта низ цевките, и штотуку беше принудено да објави дека отпушта најмалку 20% од својот персонал, па ќе куца во иднината. Ова е тешко време […]

Во Сингапур поставени апарати за бесплатни маски


Сингапур дели бесплатни маски за една употреба на сите жители, а маските можат да се подигнат од 400 апарати ширум градот. Сингапур третпат дели маски на жителите, но првпат го прави тоа преку апарати. На почетокот на пандемијата, Сингапур успешно се справуваше со пандемијата со Ковид-19, но изминатите недели е забележано нагло зголемување на бројот […]

Претседателката на Европската комисија ќе претстави план за економско опоравување


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе го претстави денеска официјалниот предлог за план за европско економско закрепнување од последиците на пандемијата со новиот коронавирус. Фон дер Лајен сака да го поврзе планот со следниот седумгодишен буџет на Европската унија. Планот вклучува собирање на неколку стотици милијарди евра на пазарите на капитал, од […]

Прво предупредување од Твитер поради твитовите на Трамп


Социјалната мрежа Твитер стави предупредување на пораката на американскиот претседател Доналд Трамп, во која тој без докази тврди дека гласачките ливчиња испратени по пошта се измама. Првпат Твитер го санкционира Трамп поради тоа што неговите објави водат кон дезинформации. Повеќе од 80 милиони го следат Трамп на Твитер. Трамп го обвини Твитер дека „ја задушува […]

Дигитални имунолошки пасоши во Естонија


Естонија покрена апликација со дигитални имунолошки пасоши, што им овозможуваат на луѓето да го споделат својот статус поврзан за коронавирусот со трета страна, како што се властите или работодавецот. Immunity Pass е мобилна и веб-апликација што собира податоци за тестирање за новиот коронавирус. Апликацијата е направена од невладина организација, со поддршка на почетни компании и […]

Франција: Продолжува да расте бројот на жртви од Ковид-19


  Вкупниот број починати од корона вирус во Франција порасна денеска за 73 на вкупно 28.530. Тоа е сличен раст како и претходниот ден, покрај тоа што здравствените власти продолжија по четиридневен прекин да ги сметаат и починатите во домовите за стари. Министерството за здравство во соопштението наведе дека бројот на починати во болниците порасна […]

За помош од 100 евра се пријавиле околу милион српски гастарбајтери


Околу шест милиони граѓани на Србија аплицирале или веќе добиле помош од 100 евра, а меѓу нив има меѓу 500.000 и милион од оние кои живеат и работат во странство. Не е лесно да се утврди точно колку, затоа што дури и експертите не се согласуваат за бројот на луѓето кои имаат српско државјанство и […]

Русија денеска со најголема бројка на починати, Путин вели – го поминавме врвот


Владимир Путин денеска изјави дека Русија го поминала својот врв на инфекцијата со корона вирусот, во истиот ден кога земјата ја забележа својата најголема дневна бројка на смртност. По врвот во средината на мај со повеќе од 11.000 нови случаи на ден, бројот на дневни инфекции во Русија опадна под 9.000. Во вторникот, земјата го […]

Федерика Могерини најде нова работа – ќе биде ректор на Колеџот на Европа во Бриж


Поранешната висока претставничка и министерка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини е назначена за ректор на Колеџот на Европа и ќе ја преземе новата функција на 1 септември, објави денеска колеџот. Нејзиното назначување беше одобрено од огромно мнозинство членови на Советот на колеџот, а еден беше воздржан, пренесува „Политико“. Советот, највисокото извршно тело на […]

Шести ден по ред бројката на починати во Франција е под 100


Париз – Бројот на смртни случаи од корона вирусот во Франција се зголеми за помалку од 100 за шести ден по ред во вторникот (имаше 98 починати), и покрај тоа што податоците за домови за стари лица повторно беа вклучени, зголемувајќи ги надежите дека најлошата пандемија заврши за земјата. Премиерот Едуар Филип во четврток треба […]

Италијанскиот „прв пациент“: Кога се разбудив по три недели, ме дочекаа навреди


Матиа Маестри, таканаречениот „прв пациент“ во Италија, во интервју раскажа дека се враќа во нормален живот. На Маестри (37) Ковид-19 му беше дијагностициран на 20 февруари во неговиот дом во Кодоња, 60-тина килиметри југоисточно од Милано. Беше првиот пациент заразен со локална трансмисија во Италија. Во интервју за „Sportweek“, Маестри вели дека е добар и […]

Чешка, Словачка и Унгарија договорија патување само за нивните државјани


Унгарија се приклучи на договорот меѓу Чешка и Словачка според кој граѓаните на тие земји можат слободно да патуваат во трите европски држави, но со временски рок, напиша на Твитер чешкиот премиер Андреј Бабиш. Тој вчера рече дека се согласил со својот словачки колега Игор Матовиќ за отворање на чешко-словачката граница во среда, под услов […]

Порасна бројот на заразени во Италија, помал е бројот на починати


  Бројот на починати од Ковид-19 во Италија денеска изнесува 78, што е благ пад од вчерашните 92, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Меѓутоа, порасна бројот на новозаразени 397, за разлика од вчера кога имаше 300, пенесе Ројтерс. Вкупниот број починати во Италија изнесува 32.955, наведе Агенцијата, што е трет најголем во светот по САД […]

Шпанија прогласи десетдневна жалост – најдолга во последните 40 години


Шпанската влада денеска прогласи десетдневна жалост за жртвите од Ковид-19, што е најдолг период на жалост во последните 40 години. Во текот на овие денови, што почнуваат во среда, знамињата на повеќе од 14.000 институции и пловила ќе бидат на пола копје, пренесе британски Гардијан. Портпаролката на шпанската влада Марија Хесус Монтеро рече дека повеќе […]

Сексуалните работници бараат укинување на забраната, претставија „хигиенски концепт“


Сексуалните работници во Германија претставија сопствен „хигиенски концепт“ и побараа укинување на забраната за воведените мерки поради епидемијата од корона вирус. Забраната за работа на сексуалните работници, вклучително и борделите, мора да биде укината, побара Германската федерална асоцијација на сексуални работници во отворено писмо, повикувајќи се на падот на стапката на пренос на вирусот. Писмото […]