Шпанија прогласи десетдневна жалост – најдолга во последните 40 години


Шпанската влада денеска прогласи десетдневна жалост за жртвите од Ковид-19, што е најдолг период на жалост во последните 40 години.

Во текот на овие денови, што почнуваат во среда, знамињата на повеќе од 14.000 институции и пловила ќе бидат на пола копје, пренесе британски Гардијан.

Портпаролката на шпанската влада Марија Хесус Монтеро рече дека повеќе од 80 отсто од почнатите се постари од 70 години и дека тие се оние кои помогнале да се изгради денешната држава, пренесе АП:

„Тие засекогаш ќе останат во нашето сеќавање“, рече Монтеро. Кралот Филип шести ќе ја предводи церемонијата на сеќавање, откако земјата ќе излезе од карантинот воведен пред два и пол месеци.

Кога во 1975 година почина диктаторот Франциско Франко во Шпанија беше прогласена 30 дневна жалост.

Инаку, на прозорците на приватните станови во Шпанија може да се видат шпански знамиња со црна лента, кои претставуваат симбол на губитокот што го поднесе земјата во борбата со Ковид-19, но тие симболизираат и бес на начинот на кој државата се однесуваше кон пандемијата.

Властите во Мадрид, упориште на конзерватовната опозиција, на некои градски знаменитости поставија големи црни екрани, а пред градското собрание поставен е пламен на гас окружен со црвени цвеќиња со табела на која пишува „твојот пламен никогаш нема да угасне во нашите срца“.

Во Шпанија забележани се 27.119 смртни случаи од корона вирус и 236.259 заразени.