Русија денеска со најголема бројка на починати, Путин вели – го поминавме врвот


Владимир Путин денеска изјави дека Русија го поминала својот врв на инфекцијата со корона вирусот, во истиот ден кога земјата ја забележа својата најголема дневна бројка на смртност.

По врвот во средината на мај со повеќе од 11.000 нови случаи на ден, бројот на дневни инфекции во Русија опадна под 9.000. Во вторникот, земјата го забележа својот најголем број дневни смртни случаи – 174, број кој сè уште е далеку понизок отколку во земјите со слични стапки на инфекции.

Говорејќи на руската телевизија, Путин рече дека „според експертите, врвот може да се смета за поминат“, јави новинската агенција АФП. Рускиот претседател нареди и парадата за победата во Втората светска, што беше одложена поради пандемијата, да се одржи на 26 јуни.